31.10.2016

 

Соопштение за Светскиот ден на штедењето - 31.10.2016

 

Почитувани,

Честит светскиот ден на штедењето!

Стопанска банка АД – Скопје го одбележува Светскиот ден на штедење кој има за цел не само да го поттикне штедењето туку и да се разбере поширокиот ефектот од штедењето за економијата и општеството. За таа цел, во текот на овие 2 недели во i-bank store доаѓаа и ќе доаѓаат ученици од основно, средно, но и деца од градинките во Скопје со цел да научат нешто повеќе за штедењето, улогата на банките и начинот да се искористи заштедата за подобро утре.

 

Дополнително, денес во 17часот во i-bank store , Банката организира мал настан/дружба со Калиопи, на кој ве покануваме со вашите семејства. Повелете на дружбата при што децата ќе имаат можност да бојат, учат, играат, но и да добијат подароци за вложениот труд. За најсреќните, Банката ќе додели и 10 депозити со што ќе им помогне да го започнат процесот на штедење и создавање на идни вредности.

 

Стопанска банка АД – Скопје

На ваша страна