05.06.2014

 

Стопанска банка дел од Меѓународниот добротврен базар на Macedonia Welcome Center

 

Во знак на поддршка на организацијата Меѓународен добротворен базар 2014 Стопанска банка е покровител на уметничката работилница за деца насловена „Дрво на среќата“ под раководство на Жанета Гелевска - Велјановска, познат македонски ликовен уметник. Настанот ќе се одржи во ГТЦ на 07.06.2014 со почеток од 11 часот.

Изработеното уметничко дело, труд на деца од меѓународните училишта во Македонија ќе биде стане дел од богатата уметничка колекција на Стопанска банка АД - Скопје.

 

Стопанска банка како општествено одговорна компанија секогаш придонесува во развојот на вредностите кај младите лица за вреднување на уметноста и секако за благородниот ефект од добротворната работа.

 

Ги покануваме сите наши клиенти да го посетат и да земат учество на Меѓународниот добротворен базар.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна