31.10.2013

 

Учество на Стопанска банка АД - Скопје на Банкекспо 2013

 

Во организација на Стопанска комора на Македонија на 30-31.10.2013 во х. Александар палас се одржуваше Банкекспо 2013. Стопанска банка АД - Скопје зеде активно учество на саемот на кој по повод Светскиот ден на штедењето беа прогласени и најдобрите шалтерски работници од секоја Банка за 2013 година. Стопанска банка АД - Скопје за најдобри шалтерски работници ги прогласи:

-   Јагода Димитријевиќ, координатор на службата за благајничко работење во Експозитура Младина, Регион Скопје

-   Весна Јакимовска, референт од Филијала Пробиштип, Источен регион

-    Елена Робевска, референт за СБ ексклузив клиенти од Филијала Битола, Централен регион

Изборот на најдобрите вработени е извршен врз основа на голем број на критериуми, а по предлог на непосредните претпоставени, Директори на филијали и Регионални директори во консултација со Сектор за продажба и мрежа на филијали. При изборопт на вработените се води сметка и за подеднаква застапеност на регионите согласно податоците за избрани вработени во претходните години. Избраните вработени се истакнаа со својот професионален однос кон работата, одлична комуникација со клиентите, иницијативност, колегијалност и целосна посветеност на работата. Со тоа тие претставуваат пример и инспирација за сите вработени на Банката.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна