20.05.2015

 

Синдикатот на Стопанска банка учесник на Спортските банкарски игри 2015 во Охрид

 

На традиционалните спортски банкарските игри 2015 во организација на Синдикатот на финансиски организации во РМ, одржани во Охрид од 14.05.2015 до 17.05.2015 година, вработените на Стопанска банка АД – Скопје освоија вкупно 3 први места во Одбојка Мажи, Стрелаштво Жени и во Пикадо натпреварите.

Дополнително Банката покажа успех и во другите натпревари освојувајќи уште едно 2-ро место Стрелаштво Мажи  и две 3-ти места Пинг Понг Мажи и Кошарка Жени . 

Со вкупно 20 бодови, во генерален пласман во сите спортови, вработените на Стопанска банка АД – Скопје го освоија 3-то место во конкуренција од  12 финансиски институции - учесници.

 

Банката им честита на вработените кои зедоа учество на овогодинешните спортски игри и продолжува да ги поддржува во градењето на тимски дух преку бројните спортски активности во текот на целата година.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна