21.05.2014 

 

Синдикатот на Стопанска банка учесник на Спортските банкарски игри 2014 во Охрид

 

На традиционалните спортски банкарските игри 2014 во организација на Синдикатот на финансиски организации во РМ, одржани во Охрид од 15.05.2014 до 18.05.2014 година, вработените на Стопанска банка АД – Скопје освоија вкупно прво место во Одбојка Мажи, Стрелаштво Жени и во Шах натпреварите.

Дополнително Банката покажа успех и во другите натпревари освојувајќи уште 2 втори и 7 трети места. 

Со вкупно 28 бодови, во генерален пласман во сите спортови, вработените на Стопанска банка АД – Скопје го освоија 3-то место во конкуренција од  12 финансиски институции - учесници.

 

Банката им честита на вработените кои зедоа учество на овогодинешните спортски игри и продолжува да ги поддржува во градењето на тимски дух преку бројните спортски активности во текот на целата година.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна