23.05.2012

 

Стопанска банка АД - Скопје освои 2ро место на „Банкарски спортски игри 2012“

 

Во периодот од 17-20.05.2012 во Охрид одржана беше манифестацијата „Банкарски спортски игри 2012“ во организација на Синдикатот на финансиските организации на Македонија. Стопанска банка АД - Скопје како и досега беше претставена во сите спортски категории од тим на посветени спортисти аматери кои го освоија групното 2ро место на манифестацијата.

Во одделните категории врабоетните од Стопанска банка го остварија следниот успех:

  • I место во пикадо, стрелаштво (жени/мажи) и шах
  • II место во баскет (жени), одбојка (жени) и фудбал
  • III место во пинг понг (мажи/жени)
  • IV место во куглање (мажи/жени)

 

Стопанска банка продолжува да го стимулира спорсткиот дух помеѓу своите вработени со што се подобрува и тимската работа и успехот на Банката во сите полиња.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна