15.08.2011

 

Стопанска банка АД - Скопје спонзор на Balkan Music Square 2011

 

Стопанска банка АД - Скопје и оваа година обезбеди поддршка за реализацијата на фестивалот наменет на етно музиката од земјите на Балканот. Во рамките на двете фестивалски вечери во Охрид гостите имаа прилика да уживаат во изведбите од Имам Баилди (Грција), Бесидос (Германија), Дамјан Пејчиновски и македонската ѕвезда Елена Ристевска во придружба на оркестарот Гезме.

Во својата богата историја Стопанска банка АД - Скопје во континуитет нуди поддршка на настани кои го збогатуваат културниот живот и придонесуваат кон афирмирање на македонската музичка сцена.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна