11.08.2012

 

Стопанска банка АД - Скопје спонзор на Balkan Music Square 2012

 

Стопанска банка АД - Скопје и оваа година е еден од главните спонзори и обезбеди поддршка за реализацијата на 11то издание на фестивалот наменет на етно музиката од земјите на Балканот - Balkan Music Square 2012. Во рамките на двете фестивалски вечери 10-11 август, во Охрид гостите имаа прилика да уживаат во изведбите од Балкан Кола (Грција), 2Late (Полска), Марио Моита (Португалија) и Миле Кузмановски (Македонија.

Во својата богата историја Стопанска банка АД - Скопје во континуитет нуди поддршка на настани кои го збогатуваат културниот живот и придонесуваат кон афирмирање на македонската музика.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна