12.07.2011
Нова локација за подигнување на вашите картички, сертификати и ПИН кодови - Филијала Анекс
Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека со почеток од 12.07.2011г можете да ги подигнувате вашите:
- картички
- ПИН кодови
- Дигитални сертификати за e-banking сервисот
изработени за регионот Скопје исклучиво во филијалата Анекс на 1 кат во ГТЦ. За другите градови остануваат претходно утврдените локации.
Работното време на филијалата е:
- Понеделник до петок од 8:30 до 18 часот
- Сабота од 8:30 до 14 часот
Контакт телефон од филијалата е (02) 3295 178