30.03.2011 година

i-bank промоции во Стопанска банка

 

Со цел приближување на модерните канали за користење на банкарски услуги Стопанска банка АД - Скопје започна со интензивни промоции на услугите дел од i-bank - плаќања на сметки, рати за кредити и картички преку банкомат, увид во мини извештај и како и e-banking. Благодарение на промоциите, клиентите можат да добијат дополнителни информации, увид во начинот на кој функционираат услугите и да поднесат на лице место барање за e-banking. Промоциите ќе се одвиваат во следните два месеци во повеќе филијали на СБ од страна на обучен промотерски тим со почеток од 12:00 до 16:00 часот.


Побрзајте, информирајте се и дознајте повеќе кај нашите промотери во нашите филијали за начинот како најлесно да го заштедите вашето време и како на најлесен и најбрз начин да ги реализирате вашите банкарски трансакции 24 часа на ден преку алтернативните канали како дополнително олеснување кои ви ги нуди Стопанска банка.


Стопанска банка е секогаш на страната на своите клиенти и се грижи како најлесно клиентите да ги завршат своите банкарски обврски, па така, наскоро СБ го воведува и телефонското банкарство, услуга преку која клиентите со фиксен телефон ќе можат да ги завршат своите најосновни банкарски трансакции.  

 

Стопанска банка АД – Скопје

На ваша страна