14.06.2012

 

Одбележана 1 година од промоцијата на телефонското банкарство

 

Стопанска банка АД - Скопје одбележува 1 година од промоцијата на телефонското банкарство како новитет на македонскиот пазар. По само 12 месеци, Банката веќе има над 2.300 редовни корисници на сервисот кои дневно реализираат од 200 до 400 трансакции. 

 

Телефонското банкарство на клиентите им нуди слобода 24 часа на ден да бидат во контакт со Банката и да реализираат или најават плаќања на рати од кредити или картички, сметки за комуналии, данок и секаков вид денарски плаќања на брз и пред се безбеден начин. Со јавување на 24 часа контакт центарот (02) 3100 109 клиентите ја намалуваат потребата да доаѓаат во филијалите за редовни и повторливи трансакции туку истите ги реализираат од комоцијата на сопствениот дом, од работа или во движење.

 

Стопанска банка АД - Скопје сака да им заблагодари на клиентите кои покажаа доверба во новиот сервис, на вработените кои посветено работеа на развојот и воведувањето на сервисот но и на вработените кои секојдневно ги реализираат трансакциите и работат на подобрување на услугата кон клиентите. 

 

По повод првата годишнина, членовите на Управниот одбор на Банката ги посетија вработените во Контакт центарот, им честитаа на постигнатиот успех и им посакаа понатамошни успеси кои ќе бидат пример за Банката, но и за Македонија особено при воведувањето на иновативни услуги и производи.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна