КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 


 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

Нов автомобилски кредит ексклузивно со Автонова и Аутомобиле СК

 

НОВ АВТОМОБИЛСКИ КРЕДИТ на стопанска банка - „програма макси рата“
УНИКАТНА ПРЕДНОСТ  БЕЗ Камата и административни трошоци за износот на макси ратата (одложеното учество) кое во целост се исплаќа заедно со последната рата од кредитот

Намена на кредитот

За купување на автомобили и џипови преку салоните на Автонова и Аутомобиле СК

Износ

До 30.000 € (во денарска противвредност)

Валута

  • Денарски кредит со девизна калаузула

Каматни стапки

(променливи, годишни)

Клиенти со плата во СБ

Останати клиенти

  • 7,62% ЕУР – мин.20% учество
  • 8,47% ЕУР - мин.20% учество
  • СБ согласно важечката регулатива, редовно ја објавува годишната стапка на вкупни трошоци (СВТ) на својата веб страна, на огласните табли на шалтерите на Банката и преку јавните медимуи

    Рок на отплата

    Од 36, 48, 60 и 72 месеци

    Отплата

    • Еднакви месечни ануитети, освен последниот месечен ануитет
    • Макси рата од 12,50% од вредноста на автомобилот- вкучена е и достасува за наплата со последниот месечен ануитет. За износот од Макси ратата не се пресметува камата, клиентот плаќа камата само за преостанатиот износ на кредит од кој е одземена Макси ратата.

     

    За сите иматели на трансакциска сметка во СБ, можна е отплата:

    -Со траен налог,

    -Преку e-banking сервисот на СБ

    -Преку телефонското банкарство на СБ или

    -Преку банкоматите на СБ

    Без трошоци за предвремена отплата.

    Трошоци

    • Административни трошоци 1% еднократно се наплатуваат од износот на кредитот намален за износот на Макси ратата
    • Нотарски трошок за воспоставување на залог на возило и упис на залог во Центарален Регистар
    • Трошоци за КАСКО осигурување на возилото за целиот период на отплата на кредитот

    Обезбедување

      1. Врз сопственоста на возилото се воспоставува заложно право во корист на Банката, се до целосна отплата на кредитот од страна на кредитокорисникот
    2. Полиса за КАСКО осигурување на возилото, винкулирана во полза на Банката

    Критериуми за кредит

     

    • Физички лица, државјани на Р. Македонија
    • Задолжително учество од кредитокорисникот при купување на возилото од мин 20%
    • Минимални месечни примања од 9.100МКД за секој учесник во кредитот поединечно.
    • Месечен ануитет во однос на месечни примања:

    ЕУР кредити

    • максимум 45% (клиенти со плата во СБ)
    • максимум 40% (останати клиенти)

    Доколку ко-кредитобарателите не се лица кои се членови од потесното семејство (сопруг/а, родител, дете) само 50% од нивните примања влегуваат во пресметката на расположливите месечни примања.

    • Возраста на кредитокорисникот и ко-кредитобарателите треба да биде минимум 20 години на денот на аплицирање и 67 години на денот на доспевање на кредитот

     

     

    Потребни документи

    *1. Барање за автомобилски кредит
    *2. Фотокопија од лична карта или од пасош
    *3. За клиенти кои земаат плата во СБ, потребно е само извод од трансакциска сметка за последните 3 месеци

    За сите останати - Чек од пензија / Потврда за редовно вработување, заверена и потпишана од овластените лица кај работодавецот (не постара од 30 дена), а за лица вработени во приватна фирма и образец ПП53 (Декларација за прием од УЈП) за последните 3 месеци

    4. Про-фактура од Авто Дилерот за продажба на возилото
    5. За основниот кредитобарател во зависност од брачниот статус, клиентот треба да достави:

    - За лица кои не се во брак, копија од извод од матична книга на родени (не постар од 6 месеци) или заверка со печат од МВР дека нема промени на постојниот извод

    - За лица кои се во брак, копија од извод од матична книга на венчани (без оганичување за староста на изводот)

    6. За ко-кредитобарател кој е член на потесното семејство потребен е валиден извод од матична книга на венчани или родени.

     7. Согласност за доставување извештај од Македонско кредитно биро АД - Скопје.

    * Се однесува на кредитобарател и ко-кредитобаратели

    Печати