СМЕТКИ ЗА ПРАВНИ ЛИЦА
ПРОЦЕДУРА ЗА ОТВOРАЊЕ НА НЕРЕЗИДЕНТНИ СМЕТКИ НА ПРАВНИ ЛИЦА ВО ДЕВИЗИ
(фирми, дипломатски и конзуларни претставништва, невладини организации и др.)
Странски правни лица во Република Македонија можат да отворат сметка во сите филијaли на Стопанска банка АД - Скопје.
Сметката на странско правно лице во филијала Скопје може да се отвори на следнава адреса:
Експозитура Г Т Ц приземје, ул. "11 Октомври" бр. 7
Kонтакт лица за Филијала Скопје
Даниела Наумовска , Весна Алексовска и Анета Велковска
тел . (02) 3295-433 , 3295-140
факс : (02) 3295-141
e-mail: daniela.naumovska@stb.com.mk и vesna.aleksovska@stb.com.mk
ИДЕНТИФИКАЦИЈА И ПОТВРДУВАЊЕ НА ИДЕНТИТЕТОТ НА КЛИЕНТОТ
Потребни документи за отворање на сметка за нерезидент правно лице се следниве:
- Писмено барање за отворање на сметката и располагање со средствата на сметката, потпишано од законскиот застапник на правното лице, во оригинал.
- Апликација за идентификација / ажурирање на клиент правно лице со пополнети сите задолжителни податоци вклучувајќи го и крајниот сопственик во оригинал (во прилог) и копија од документ за идентификација ( лична карта или пасош) на краен сопственик.
- Документ за регистрација на правното лице издаден од надлежен орган, извод од трговскиот регистар или друг регистар каде што се води евиденцијата за правните лица во државата во која е регистриран субјектот не постар од 6 месеци, од кој може да се утврди законскиот застапник, датумот на неговото основање, називот, адресата, седиштето и дејноста која ја врши, управители, сопствениците, во оригинал или копија заверена кај нотар или овластена институција во домицилната држава заверена кај нотар или овластена институција во домицилната држава.
- Картон за овластени потписи (во прилог)
- За нерезидент правно лице- дипломатско претставништво на странска земја или претставништво на меѓународна организација - документ издаден од Министерство за надворешни работи на Република Македонија или извод од Централниот регистар на Република Македонија, како и полномошно на одговорното лице во претставништвото, во оригинал или копија заверена кај нотар.
- Договор за отоврање на трансакциска сметка / ИД број за правно лице нерезидент
Доколку од документот за регистрација не можат да се утврдат потребните податоци за нерезидентот (седиште, сопственици, управители, дејност, крајни корисници, даночен број- доколку таков нерезидентот има, итн.), СБ може да побара дополнителни документи, како што се статут, изјава, документ, препорака од друга банка или друг акт за основање, во оригинал или копија заверена кај нотар.
Горенаведените документи се доставуваат на македонски или на англиски јазик, преведени од овластен преведувач.
Идентитетот на застапникот по закон и на лицата овластени за располагање со средствата на сметката на правното лице нерезидент се утврдува врз основа на следниве документи:
- важечки документ за идентификација (важечка лична карта или пасош)
- информација / изјава дали правното лице нерезидент поседува акции/удели на доносител
- апликација за идентификација / ажурирање на клиент физичко лице пополнета целосно во сите задолжителни полиња
- изјава за запознавање со прописите во Република Македонија според кои клиентот се идентификувал како нерезидент ( доколку клиентот отвора своја лична сметка)
РАСПОЛАГАЊЕ СО СРЕДСТВАТА НА СМЕТКИТЕ НА НЕРЕЗИДЕНТОТ ПРАВНО ЛИЦЕ
• Стопанска банка овозможува трансфер по налог на нерезидент во девизи и во денари.
• On-line системот овозможува трансферот на средства во корист на комитенти на СБ , (резиденти и нерезиденти) да се извршува во моментот на пристигнувањето на налогот од нерезидентот.
• Трансфер на средства без никакви ограничувања.
• Уплати и исплати во ефектива согласно законските прописи во земјата, и тоа:
-Уплата на ефективни странски пари на сметка на нерезидент во износ до 10.000 ЕУР во текот на еден месец, а над тој износ со приложување на писмена потврда за внесени ефективни странски пари издадена од Царинска управа на Република Македонија, која гласи на име на уплатувачот правно лице и е со важност од 5 работни дена ( Ограничувањето за уплата на ефективни странски пари не се однесува на претставништва на странски замји и меѓународни организации)
- Уплата на ефективни странски пари на сметка на нерезидент кои претставуваат непотрошени ефективни странски пари претходно повлечени од сметката на нерезидентот
- Уплата на ефективни денари само по основ на проджба на авио билети и непотрошени ефективни денари претходно повлечени од денарските сметки на нерезидентот
- Исплата на ефективни странски пари и ефективни денари без ограничувања
АЖУРИРАЊЕ НА ДОКУМЕНТАЦИЈА
Согласно Одлука за начинот и условите за отварање и водење на сметки на нерезиденти, документите за идентификација и регистрација на клиентите нерезиденти правни лица, задолжително се ажурираат најмалку еднаш во текот на две години, со презентација на извод од трговскиот регистар или друг регистар каде што се води евиденцијата за правните лица во земјата во која е регистриран субјектот не постар од шест месеци, од кој ќе може да се утврди дека правното лице работело во континуитет во периодот по отворањето на сметката, односно од периодот на последното ажурирање.
Доколку клиентот нерезидент правно лице по истекот на две години не ја обезбеди потребната документација за ажурирање, како и доколку на сметките во банката нема промет повеќе од две години, банката постапува согласно важечката регулатив, која во моментот предвидува блокада на сметките.
НЕАКТИВНИ СМЕТКИ
Согласно законска регулатива трансакциските денарски сметки на клиентите на кои нема салдо и промет во последните две години се третираат како неактивни и Банката има обврска истите да ги затвори и да го извести клиентот.