КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 


 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

МОЈ ПЛАН - Нов орочен штеден влог

 

МОЈ ПЛАН

Опис на производот

Штеден план е орочен депозит кој овозможува неограничен број и износ на дополнителни вложувања за времетраењето на орочувањето на депозитот, без притоа да се разорочи депозитот или да се продолжи периодот на орочување.

Дополнителни предности

  • НЕОГРАНИЧЕНИ ДОПОЛНИТЕЛНИ ВЛОЖУВАЊА
  • Избор на начинот на исплата на каматата: месечно или на крај на период
  • Сигурна и стабилна банка, банка од доверба
  • Увид во состојбата преку e-banking

Валута на вложување

Евра или Денари

Минимален износ на вложување

100 ЕУР или 6.000 МКД

Минималниот износ е ограничен само при отворањето на депозитот, односно првото орочување. За дополнителните вложувања нема ограничување на износот

Период на орочување

Орочен депозит на 12, 24, 36, 48 и 60 месеци

Категорија на клиенти Физички лица резиденти или нерезиденти
Начин на исплата на камата Начинот на исплата на камата е избор на клиентот во моментот на орочувањето на депозитот:
  • На крај на период
  • Секој месец

Каматни стапки

 

годишни, променливи 


ВАЛУТА НАЧИН НА ИСПЛАТА НА КАМАТА 12М 24М 36М 48М 60М
МКД
На крајот на периодот 4.25% 6.35% 6.55%
6.75%
6.95%
  Секој месец 4.05% 6.15% 6.35% 6.55%
6.75%
ЕУР
На крајот на периодот 2.65%
3.25% 3.55% 3.95% 4.35%
  Секој месец 2.55% 3.15% 3.45% 3.85% 4.25%

 

Начин на пресметка на камата

Кога каматата се исплаќа на крај на период
Каматата се пресметува и исплаќа на крајот на периодот на орочување и се префрла на друга сметка преку која се располага со исплатената камата

Кога каматата се исплаќа месечно
Пресметката на каматата се врши месечно и се префрла на друга сметка за располагање.
Во овој случај клиентот располага со каматата месечно т.е. истиот ден по денот на пресметка на каматата за конкретниот месец

Политика на преорочување

 

Во моментот на склучување договорот клиентот се изјаснува за:

Преорочување на главницата

Депозитот нема да се преорочи

(со можност за промена на одлуката во текот на рокот на орочување)

Преорочување се врши под услови валидни на денот на преорочување

Дополнителни вложувања Можни се неограничени дополнителни вложувања без разорочување на депозитот и без пролонгирање на рокот на достасување на депозитот, при што дополнително вложените средства се додаваат на веќе вложените средства и на вкупниот износ СБ пресметува камата од моментот на вложување на средствата до моментот на достасување на депозитот
Политика на предвремено разорочување

Депонентот може да го раскине договорот и пред истекот на рокот на орочување при што СБ пресметува и исплаќа 35% од пресметаната камата од моментот на орочување односно преорочување до моментот на предвременото раскинување на договорот

 

Овластување

Сопственикот на влогот може да овласти друго полнолетно лице за располагање со влогот. Овластување може да се издаде во моментот на орочување на депозитот или дополнително во било кој период

Документи

  • При отворање на сметката клиентот приложува важечки документ за идентификација (лична карта или пасош)
  • По отворање на сметката клиентот добива:

- Договор за депозитот и
- Штедна книшка преку која се следат промените на сметката за депозитот

 

Валидно 25.04.2012

Печати