КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 


 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

МЕНУВАЧКО РАБОТЕЊЕ

Во Република Македонија менувачки работи можат да вршат банки, штедилници, трговски друштва, трговци поединци и други правни лица со седиште во Република Македонија кои се регистрирани за вршење на менувачки работи и кои добиле дозвола од НБРМ за вршење на менувачки работи согласно одлуката на НБРМ за условите и начинот на добивање на дозвола и вршење на менувачки работи (Сл. весник 53/2002).

Менувачкото работење во СБ се врши на сите шалтери во филијали те. каде е истакната налепница издадена од НБРМ со натпис: “менувачницата ги исполнува условите за менувачко работење”.

Во менувачкото работење во СБ се вршат следните работи:

    - домашните физички лица (резиденти) и странските физички лица (нерезиденти) можат да и продадат на СБ ефективни странски пари и чекови деноминирани и исплативи во странска валута
    - домашните странски лица можат да купат ефективни странски пари
    - странските физички лица можат да извршат реоткуп на ефективни странски пари за износот на непотрошените денари, што претходно ги добиле при продажбата на ефективните странски пари на СБ.

Во менувачкото работење во СБ физичките лица продаваат и купуваат ефективни странски пари и продаваат чекови деноминирани и исплативи во странска валута, ако гласат во валутите: EUR, USD, JPY, GBP, CHF, AUD, CAD, DKK, NOK, SEK со примена на курсеви кои се утврдени во курсната листа на СБ за менувачко работење.

Во вршењето на менувачки работи физичкото лице приложува документ за идентификација:

    -лична карта или патна исправа, за домашно физичко лице
    -патна исправа, за странско физичко лице

За извршената менувачка работа СБ на физичкото лице му издава потврда.
Чековите што и ги продаваат физичките лица на СБ треба да ги содржат сите битни елементи (број, датум на издавањето, назив на банката трасат, износ на валутата во бројки и букви, името на корисникот на чекот), да не се преправани, нечитливи и слично, да имаат период подолг од 30 дена до рокот за поднесување на чековите на наплата, доколку тој е назначен на чековите.

СБ може да откупи чек и да го исплати во денари:

    1) од домашно физичко лице
    - банкарски чек, ако гласи до износ од 200 USD. Од едно лице може да откупи банкарски чекови во вкупна вредност од 500 USD.
    - банкарските чекови влечени на СБ, пензиски и трезорски чекови издадени од ЕУ, САД, Канада, швајцарија, Јапонија и Австралија , без ограничување на износот
    - патнички чекови до 1.000 USD

    2) од странско физичко лице
    - патнички чекови до износ од 1.000 USD
    - Евро чекови од Германија на износ од 200 Еур (најмногу 3 чека), од Холандија до 130 EUR (најмногу 3 чека ) и од други земји до 200 USD (најмногу 3 чека ).

Во менувачкото работење СБ наплатува провизија согласно тарифата на СБ за надоместоци.

Печати