КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР (02) 3100 109

 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

MASTERCARD ТОПСИ - Дебитна картичка

 

 

Опис на производот
 

MasterCard TOPSI е бесплатна дебитната картичка наменета за млади клиенти на возраст до 28 години. Картичката е со меѓународна важност (насекаде во светот) и може да се користи во рамките на расположливите средства на трансакциската сметка со која е поврзана. 

Корисниците на оваа картичка добиваат и ексклузивни попусти кај одредени трговски партнери. Детална листа на трговци и попустите кои ги нудат е достапна на http://www.topsi.mk/


Картичката се користи во земјата и во странство за:

•  Безготовински плаќања во трговската мрежа и на интернет
•  Подигање готовина од банка или банкомат

 

НОВО: Само до крајот на годината, со ТОПСИ пакетот во Стопанска банка добиваш ISIC картичка - бесплатно со важност до крајот на 2018та година. Поднесете барање во една од нашите филијали со прилог документ за статус на студент (потврда или индекс). Повеќе за предностите на ISIC картичката дознајте на www.isic.org или на www.isicmacedonia.com

 
Основни карактерисики

 
MasterCard ТОПСИ дебитната картичката е поврзана со денарска сметка на која се вршат сите уплати и исплати во денари.
При користење на картичката во странство задолжувањето се врши во денари по курсот на девизниот пазар на СБ

• Користењето на картичката е БЕЗ ПРОВИЗИЈА за плаќање во трговската мрежа во земјата и во странство

• Кредитните и дебитните картички на Стопанска Банка се први и во моментов единствени картички во РМ кои го поседуваат 3D Secure стандардот (VbV и MC SecureCode) кој озвозможува извршување на интернет трансакции со високо ниво на безбедност насекаде во светот. Дознајте повеќе за предностите на VCAS 3D Secure на следниот линк.
 
Подигнување готовина
•  БЕЗ ПРОВИЗИЈА за подигање на готовина од банкоматите и шалтерите на СБ
•  За подигање на готовина од банкоматите на други Банки во Р.Македонија денарската сметка се задолжува со провизија од 100 МКД + 2% од подигнатиот износ.
•  За подигање на готовина во странство денарската сметка се задолжува со провизијата од 150 МКД+2% од подигнатиот износ.
•  Дневен лимит за подигање готовина е 60.000 МКД (по барање на сопственикот може еднократно да се промени)

 
ПИН код
За подигање на готовина од банкомат задолжително се користи ПИН кодот (го добивате во затворен плик заедно со картичката). Доколку ПИН кодот се внесе погрешно повеќе од два пати, банкоматот ја одзема картичката. 

Важност
5 години важност на картичката при првото издавање

Годишно членство
0 денари чланарина (без членство) за основната и дополнителната картичка.

Еднократен трошок од 300 МКД за изработка на дополнителна картичка.

Трошокот од 90 МКД при обнова на картичката (трошокот се наплаќа еднаш на 5 години, при изработка на нова картичка)

Критериуми
Физички полнолетни лица, државјани на Р. Македонија, на возраст помала од 28 години.
 
Потребни документи
•  Апликација за MasterCard ТОПСИ дебитна картичка лично пополнета и потпишана од клиентот
•  Копија од лична карта


Други надоместоци

 •  Издавање на нов ПИН изнесува 150 МКД

 •  Трошокот за изработка на нова, доколку старата картичка е оштетена изгубена или украдена изнесува 300 МКД

•  Трошокот за изработка на нова картичка при промена на презиме или име изнесува 150МКД

•  За одземена картичка од банкомат во странство се задолжува денарската сметка со трошок од 1.000МКД
 
ИНФО телефони
Во Контакт Центарот на Стопанска Банка, можете 24 часа, секој ден во неделата, да се обратите за било која информација во врска со картичката како и за сите случаи на губење или кражба на картичката, на следните телефонски броеви: + 389 (0)2 3100-109
 
АПЛИЦИРАЊЕ
• Поднесете барање во некоја од филијалите и експозитурите на Банката. Превземете го барањето овде.

За интегрален преглед на карактеристиките притиснете тука.

 

ISIC (International Student Identity Card) e меѓународна студентската ID картичка со која стануваш дел од светското здружение на студенти кое ти овозможува попусти на повеќе од 400.000 локации насекаде во светот. Провери ги сите попусти на www.isic.org или на www.isicmacedonia.com

Проверете каде се добивате попусти со ISIC картичката:

o   2,800 Музеи и културни локации

o   2,400 Хостели и промотивни хотели

o   1,200 Авио компании, автобуски линии, возови, бродски превоз и сл.

o   2,700 Атракции

o   21,000 Ресторани, барови и локации за забава

Печати