ПРАВИЛА НА НАГРАДНА ИГРА "ЗА КУПУВАЊЕ НА РАТИ VISA СО ПАТУВАЊЕ ЌЕ ВИ ВРАТИ“
Технички опис на наградната игра:
1. Организатор: Стопанска банка АД – Скопје, со седиште на ул. 11 октомври, бр.7, 1000 Скопје
2. Период на траење: 10.03.2012 до 31.05.2012
3. Назив на наградната игра: За купување на рати VISA со патување ќе ви врати
4. Наградната игра се приредува за корисниците на VISA кредитните картички VISA STAR, VISA VERO или VISA GOLD издадени од Стопанска банка АД – Скопје.
5. Учесници: сите физички лица корисници на VISA STAR, VISA VERO или VISA GOLD кредитни картички издадени од Стопанска банка АД – Скопје. Учесници се само сопственици на кредитни картички издадени од Стопанска банка АД - Скопје во Македонија без оглед на статусот на престојот во земјата.
6. Правила и критериуми за учество: со секоја направена трансакција на рати во трговската мрежа каде е овозможено плаќање на рати со кредитните картички од Стопанска банка, клиентот добива право на едно учество во извлекувањето. Плаќањето на рати во трговската мрежа автоматски се обележува во системите на Стопанска банка од кои подоцна ќе се реализира извлекувањето, клиентот не треба да чува документација поврзана со трансакцијата.
Дополнителни елементи и критериуми:
a. Повлекувањето на готовина од шалтер или банкомат е трансакција која не зема учество во наградната игра
b. На денот на извлекувањето на наградите клиентот не смее да има неподмирен долг поврзан со картичката подолго од 30 дена.
c. Еден клиент на Банката може да учествува во наградната игра со повеќе свои сметки поврзани со платежни картички. Со остварување на условот повеќе пати се остварува право на повеќе учества во извлекувањето. Бројот на учества не е ограничен.
d. Во бројот и вредноста на трансакциите нема да бидат вклучени сторно трансакции пред 10.03.2012 год.
e. Вработените на Стопанска банка АД - Скопје и членовите на потесните семејства немаат право на учество во наградната игра.
f. Наградната игра се реализира на територијата на Република Македонија и ќе важи за трансакции на рати во трговската мрежа во Македонија.
Награди:
1 X Патување во Дубаи за 2 лица
2 X Викенди во Аурора Спа центар – Берово за 2 лица
Наградите ќе бидат врачени во форма на ваучер од туристичката агенција Травел Груп.
Дополнителни информации:
Потенцијалните добитници ќе бидат селектирани со помош на програмско/компјутерско решение согласно претходно поставените условите за учество. Извлекувањето ќе биде по случаен избор и повторно со помош на компјутерско решение.
Извлекувањето на добитниците ќе се изведе на 05.06.2012година во просториите на Банката (Стопанска банка АД - Скопје, 11 октомври 7, 1000 Скопје) во присуство на Нотар и претставници од Банката.
На извлекувањето ќе биде извлечен и резервен добитник само за главната награда. Доколку некои од добитниците на останатите награди не ги исполнуваат условите наградите нема да бидат исплатени или заменети.
Добитниците ќе бидат објавени во оглас во дневниот весник „Дневник“ на 08.06.2012година.
Врачувањето на наградите ќе биде извршено најдоцна во рок од 60 дена по објавување на добитниците во медиуми во една од филијалите на Банката во Македонија по избор на добитниците.
Незадоволниот учесник има можност да поднесе приговор во рок 7 работни дена до Дирекцијата за Маркетинг и односи со јавност при Стопанска банка АД – Скопје, а Банката има обврска во рок од 5 работни дена да одговори по приговорот.
Наградната игра и нејзините правила ќе бидат достапни до потенцијалните добитници преку:
• Летоци и постери и нивна дистрибуција до филијалите на Банката и трговската мрежа која соработува со Банката
• Веб страницата на Стопанска банка
• Порака и/или инсертер во месечните извештаи за картичките
• Филијалите и експозитурите на Банката
• Во медиумите преку активности за односи со јавноста
• Радио, веб оглас и др. Медиуми
• Правилата ќе бидат објавени пред почетокот на наградната игра
КАРАКТЕРИСТИКИ НА MASTERCARD STANDARD КРЕДИТНА КАРТИЧКА
КОМПАРАТИВНИ ПРЕДНОСТИ
• Moжност за плаќање до 36 месечни рати БЕЗ КАМАТА
• Можност за минимално месечно плаќање само 5% од вкупниот долг
• Бескаматен грејс период до 45 дена за плаќање во трговија при целосно подмирување на долгот
• Без провизија при плаќање во трговската мрежа
• Најповолни услови за подигнување на готовина од банкомати и шалтери на Стопанска банка
• Без депозит, без жиранти, без административна забрана, без меница
• Брза и едноставна процедура на аплицирање во Филијалите на СБ
Користење на картичката
Meѓународна кредитна картичка, за користење во земјата и во странство за:
• Плаќање во трговија
• Подигање на готовина на банкомати и шалтери
Валута
МКД (денарски кредитен лимит)
Кредитен лимит
Максимум 300.000 денари во зависност од висината на примањата на клиентот
Период на важност
• Прво издавање - 2 (две) години
• Обновување - 3 (три) години
Каматни стапки
Годишни, променливи
12.00% - редовна каматна стапка
10.80% - за корисници кои примаат плата преку СБ, редовни во отплата
Каматата се пресметува на искористениот износ. 0% каматна стапка на трансакциите на рати без камата (се додека ратите не доспеат за плаќање)
- Рефинансирање на долг по кредитни картички од други банки ќе биде направено под горенаведените каматни стапки во зависност од категоријата на клиентот, освен во случај на промотивна понуда
Годишно членство
Бесплатни кредитни картички за првата година на издавање за 3 картички - основната и 2 дополнителни картички
Годишно членство при обновување на картичката
1.500 МКД при обновување на основната картичка. Бесплатно обновување на дополнителните картички
1. Во зависност од висината на направен промет со картичката се обезбедува делумно или целосно ослобдување од годишното членство:
• Без членство за направен годишен промет од мин.90.000 МКД
• 600 МКД членство за направен годишен промет од мин. 60.000 МКД
• 900 МКД членство за направен годишен промет од мин. 30.000 МКД
Прометот се пресметува на сметката за кредитна картичка и членството се однесува и за основната и за дополнителните картички.
2. Бесплатно членство добиваат сите корисници на кредити со обезбедување (станбен, хипотекарен потрошувачки и автомобилски кредит).
3. 50% намалување на членството добиваат корисниците на :
• потрошувачки кредит без обезбедување
• ОК картичка
• VISA кредитните картички (STAR или VERO) или
• VISA Classic дебитна картичка
ПОДИГАЊЕ НА ГОТОВИНА
Провизии за подигање готовина во мрежата на СБ (банкомати и филијали)
• 1.5% од износот на трансакцијата
Провизии за подигање готовина на шалтери и банкомати на други банки во земјата и во странство
• 100 денари фиксен износ и 3% од износот на трансакција
НАЧИН НА ОТПЛАТА
За сите иматели на тековна сметка во СБ, можна е отплата:
• со траен налог преку плаќање на минималниот износ од 5% или плаќање на вкупниот долг од 100% или
• преку е-banking системот на СБ
МОЖНОСТ ЗА КУПУВАЊЕ НА РАТИ БЕЗ КАМАТА
• Можност за купување на еднакви месечни рати БЕЗ КАМАТА кај повеќе од 1000 трговци партнери на Стопанска банка (Нептун, Техномаркет, АМЦ, Пеко, Студио модерна, СЕТ, Симпо и многу други)
• Можност за купување на 2,3,4,5, 6,10,12,18,24 и 36 рати
• Минимален износ на трансакција за плаќање на рати без камата е 2.000 МКД
• Минимален износ на рата е 55 денари
• Вкупниот износ на трансакцијата на рати треба да е во рамки на расположливитот кредитен лимит, а ратите достасуваат како фиксни износи за плаќање , без камата, секој месец во зависност од избраниот број на рати и се вклучуваат во минималниот износ на плаќање со 5% од достасаната рата
• Само кај оние Трговци кои склучиле Договор за соработка со СБ за плаќање на рати без камата
КРЕДИТНИ КРИТЕРИУМИ
• Физички лица, Државјани на Р.Македонија
• Возраст на корисникот: од 20 до 67 години на денот на аплицирање;
• Минимално месечно примање – 8.100 МКД
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
• Пополнето барање за MasterCard кредитна картичка
• Фотокопија од важечка лична карта
• За клиенти кои земаат плата во СБ, само извод од трансакциска сметка за последните три месеци
За клиенти кои не земаат плата во СБ, потврда за редовно вработување, заверена и потпишана од овластените лица кај работодавецот (не постара од 30 дена), а за лица вработени во приватна фирма и образец ПП53 (Декларација за прием од УЈП) за последниот месец
• Фотокопија од последна платена сметка за електрична енергија, телефон или вода
• ЗА РЕФИНАНСИРАЊЕ - Барање и согласност за рефинансирање на долгот ; 2 последни извештаи за кредитната картичка чиј долг се рефинансира и фотокопија од лична карта на лицето чиј долг се рефинансира
ИНФО телефони Во Контакт Центарот на Стопанска Банка, можете 24 часа, секој ден во неделата, да се обратите за било која информација во врска со картичката како и за сите случаи на губење или кражба на картичката, на следните телефонски броеви: + 389 (0)2 3100-109
ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊЕ
Поднесете барање во некоја од филијалите и експозитурите на Банката. Преземете го барањето овде.
ИНФОРМАЦИИ
Дирекција за картично работење, СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија
тел: + 389 (0) 2 3100 109; + 389 (0) 2 3163 772
факс:+ 389 (0) 2 3114 087
e-mail: kontaktcentar@stb.com.mk
* За да можете да го отворите барањето, потребно е да имате инсталирано Adobe® Acrobat® Reader™, додаток од Adobe Systems, Inc. Доколку го немате овој додаток, кликнете на логото што следи и следете ги инструкциите на страната што ќе ви се отвори.
