ПРАВИЛА НА НАГРАДНА ИГРА "ЗА КУПУВАЊЕ НА РАТИ VISA СО ПАТУВАЊЕ ЌЕ ВИ ВРАТИ“
Технички опис на наградната игра:
1. Организатор: Стопанска банка АД – Скопје, со седиште на ул. 11 октомври, бр.7, 1000 Скопје
2. Период на траење: 10.03.2012 до 31.05.2012
3. Назив на наградната игра: За купување на рати VISA со патување ќе ви врати
4. Наградната игра се приредува за корисниците на VISA кредитните картички VISA STAR, VISA VERO или VISA GOLD издадени од Стопанска банка АД – Скопје.
5. Учесници: сите физички лица корисници на VISA STAR, VISA VERO или VISA GOLD кредитни картички издадени од Стопанска банка АД – Скопје. Учесници се само сопственици на кредитни картички издадени од Стопанска банка АД - Скопје во Македонија без оглед на статусот на престојот во земјата.
6. Правила и критериуми за учество: со секоја направена трансакција на рати во трговската мрежа каде е овозможено плаќање на рати со кредитните картички од Стопанска банка, клиентот добива право на едно учество во извлекувањето. Плаќањето на рати во трговската мрежа автоматски се обележува во системите на Стопанска банка од кои подоцна ќе се реализира извлекувањето, клиентот не треба да чува документација поврзана со трансакцијата.
Дополнителни елементи и критериуми:
a. Повлекувањето на готовина од шалтер или банкомат е трансакција која не зема учество во наградната игра
b. На денот на извлекувањето на наградите клиентот не смее да има неподмирен долг поврзан со картичката подолго од 30 дена.
c. Еден клиент на Банката може да учествува во наградната игра со повеќе свои сметки поврзани со платежни картички. Со остварување на условот повеќе пати се остварува право на повеќе учества во извлекувањето. Бројот на учества не е ограничен.
d. Во бројот и вредноста на трансакциите нема да бидат вклучени сторно трансакции пред 10.03.2012 год.
e. Вработените на Стопанска банка АД - Скопје и членовите на потесните семејства немаат право на учество во наградната игра.
f. Наградната игра се реализира на територијата на Република Македонија и ќе важи за трансакции на рати во трговската мрежа во Македонија.
Награди:
1 X Патување во Дубаи за 2 лица
2 X Викенди во Аурора Спа центар – Берово за 2 лица
Наградите ќе бидат врачени во форма на ваучер од туристичката агенција Травел Груп.
Дополнителни информации:
Потенцијалните добитници ќе бидат селектирани со помош на програмско/компјутерско решение согласно претходно поставените условите за учество. Извлекувањето ќе биде по случаен избор и повторно со помош на компјутерско решение.
Извлекувањето на добитниците ќе се изведе на 05.06.2012година во просториите на Банката (Стопанска банка АД - Скопје, 11 октомври 7, 1000 Скопје) во присуство на Нотар и претставници од Банката.
На извлекувањето ќе биде извлечен и резервен добитник само за главната награда. Доколку некои од добитниците на останатите награди не ги исполнуваат условите наградите нема да бидат исплатени или заменети.
Добитниците ќе бидат објавени во оглас во дневниот весник „Дневник“ на 08.06.2012година.
Врачувањето на наградите ќе биде извршено најдоцна во рок од 60 дена по објавување на добитниците во медиуми во една од филијалите на Банката во Македонија по избор на добитниците.
Незадоволниот учесник има можност да поднесе приговор во рок 7 работни дена до Дирекцијата за Маркетинг и односи со јавност при Стопанска банка АД – Скопје, а Банката има обврска во рок од 5 работни дена да одговори по приговорот.
Наградната игра и нејзините правила ќе бидат достапни до потенцијалните добитници преку:
• Летоци и постери и нивна дистрибуција до филијалите на Банката и трговската мрежа која соработува со Банката
• Веб страницата на Стопанска банка
• Порака и/или инсертер во месечните извештаи за картичките
• Филијалите и експозитурите на Банката
• Во медиумите преку активности за односи со јавноста
• Радио, веб оглас и др. Медиуми
• Правилата ќе бидат објавени пред почетокот на наградната игра
КАРАКТЕРИСТИКИ НА MASTERCARD ДЕБИТНА КАРТИЧКА
Опис на производот
MASTER дебитната картичката е меѓународна картичка која клиентот ја користи во согласност со расположливите средства кои ги вложил на својата сметка.
Картичката се користи во земјата и во странство за:
• Безготовински плаќања во трговската мрежа и
• Подигање готовина од банка или банкомат
Основни карактерисики
MASTER дебитната картичката е поврзана со денарска сметка на која се вршат сите уплати и исплати во денари.
При користење на картичката во странство задолжувањето се врши во денари по курсот на девизниот пазар на СБ
• Користењето на картичката е БЕЗ ПРОВИЗИЈА за плаќање во трговската мрежа во земјата и во странство
Подигање готовина
• БЕЗ ПРОВИЗИЈА за подигање на готовина од банкоматите и шалтерите на СБ
• За подигање на готовина од банкоматите на други Банки во Р.Македонија денарската сметка се задолжува со провизија од 100МКД + 1% од подигнатиот износ.
• За подигање на готовина во странство денарската сметка се задолжува со провизијата од 1 ЕУР +1,5% од подигнатиот износ.
• Дневен лимит за подигање готовина е 60.000 МКД (по барање на сопственикот може еднократно да се промени)
ПИН код
За подигање на готовина од банкомат задолжително се користи ПИН кодот (го добивате во затворен плик заедно со картичката). Доколку ПИН кодот се внесе погрешно повеќе од два пати, банкоматот ја одзема картичката.
Важност
3 години важност на картичката при првото издавање
Годишно членство
0 денари чланарина (без членство) за основната и дополнителната картичка, како за првата така и за понатамошните години.
Критериуми
Физички полнолетни лица, државјани на Р. Македонија
Потребни документи
• Апликација за МАСТЕР дебитна картичка лично пополнета и потпишана од клиентот
• Копија од лична карта
Други надоместоци
• Издавање на нов ПИН изнесува 150 МКД
• Трошокот за изработка на нова, доколку старата картичка е оштетена изгубена или украдена изнесува 300 МКД
• За одземена картичка од банкомат во странство се задолжува денарската сметка со трошок од 1.000МКД
ИНФО телефони
Во Контакт Центарот на Стопанска Банка, можете 24 часа, секој ден во неделата, да се обратите за било која информација во врска со картичката како и за сите случаи на губење или кражба на картичката, на следните телефонски броеви: + 389 (0)2 3100-109
АПЛИЦИРАЊЕ
• Поднесете барање во некоја од филијалите и експозитурите на Банката. Превземете го барањето овде.
ИНФОРМАЦИИ
Дирекција за картично работење, СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија
тел: + 389 (0) 2 3100 109; + 389 (0) 2 3163 772
факс:+ 389 (0) 2 3114 087
e-mail: kontaktcentar@stb.com.mk
3 години важност на картичката при првото издавање
