КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР (02) 3100 109

 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

 

“ВОЗИ ПРАВО, ВОЗИ ЗДРАВО 3“ ПРОЛЕТНО ВО СКОПЈЕ

 

 

Добитници на подароци од лотаријата за учесниците во ВПВЗ:

 

  • Категорија: Велосипед
    • Fixie велосипед - бр. 667: Даниел Николовски
    • GoPro Session 5 - бр. 2900: Леон Петровски
    • Опрема за велосипед (корпа, пумпа, шише, smart band) - бр. 574: Александра Цветковска
    • Професионални кацига + ранец  - бр. 431: Оливер Ристиќ
    • Specialized пумпа + ранец - бр. 219: Цветанка Јошева
    • 2 х Викенди во Хотел Аурора Спа, Берово - бр. 708: Симона Ковачева + бр. 732: Ивана Божиновска
    • 2 х Семос Едукација - бр. 171: Александар Манев + бр. 2962 - Јане Антов
     
  • Категорија: Детска Трка (1 - 11 години) 
    • Hover board - бр. 2179: Максим Мајсторов
    • Детски точак + smart band - бр.1918: Бисера Стојанов
    • Детски тротинет / скутер - бр. 2354: Матеј Николов
    • Тротинет - бр.1861 Канита Меховиќ
    • Штитници + кацига + ранец - бр. 2489: Јована Поповска

  • Категорија: Ролерки/тротинети/скироли 
    • GoPro hero 5 - бр.1694: Даница Гавриловиќ
    •  Hover Board - бр. 1547: Драган Иванов
    • Smart Band + Ранец - бр.1593: Мартина Трајковска
     

 

  • Категорија: Родители со бебе колички
  • Женски велосипед - бр.2824: Ненад Трајковски
  • Детско седиште - бр.2796: Данче Попева Маркович
  • Balance bike - бр.2821: Никола Стојановски

 

 

Во сабота 20.05 улиците во централното градско подрачје на Скопје повторно се наменети за љубителите на тркала.

Оваа година, Вози право, вози здраво по трет пат во Скопје, #ВПВЗ но во пролетно издание. Повторно возиме за нова урбана опрема која Стопанска банка АД - Скопје ќе ја донира за Град Скопје во согласност со потребите на граѓаните.

 

Регистрацијата за учество е бесплатна и отворена на овој линк до крајот на денот 19.05.


Сите регистрирани учесници и оние што сакаат да се регистрираат на денот на трката ги очекуваме да ни се придружат на Порта Македонија во 11 часот да се подготвиме за стартот кој е предвиден во 12 часот. Како и претходните години, учесниците се поделени во следните категории:

 

  • велосипеди
  • тротинети, ролерки, скироли, hover-board-и
  • детска трка (за деца од 1 до 11 години) кои мора да се возат со придружба
  • родители со бебе колички

 

За зголемена безбедност, долж патеката СВР Скопје и нашите волонтери ќе се погрижат сообраќајот да има времен карактер и да можат учесниците безбедно и без прекини да пристигнат од стартот до целта во Градскиот парк.

 

Како и досега, на целта ќе не очекуваат бројни подароци и изненадувања за учесниците, музичка и театарска претстава на сцената и секако лотарија на подароци за секоја категорија учесници. На целта добредојдени се сите посетители на паркот да уживаат во дополнителните содржини предвидени за ова издание на #ВозиПравоВозиЗдраво.

 

Стопанска банка АД - Скопје во своите заложби како општествено одговорна компанија повторно како круна на проектот за жителите на Град Скопје ќе донира урбана опрема која во фокусот ќе ги има овие чисти форми на транспорт и заштита на животната средина. За потсетување, од ВПВЗ првото издание донацијата беше првиот Детски велосипедски полигон кој го краси паркот Македонија веќе втора година. Од второто издание на ВПВЗ Банката за Градот донираше 5 станици за поправка на велосипеди + 100 паркинзи за велосипеди насекаде низ градот. Вашите предлози за следната урбана опрема можете да ни ја испратите во порака на Facebook.

 

Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна

 

Мапата на патеката за ревијалната трка е прикажана тука.

 

ПРАВНА НАПОМЕНА: Банката Ве информира дека работи согласно законската регулатива за заштита на лични податоци и дека горенаведните лични податоци се собираат и обработуваат само за потребите на целосна реализација на ревијалната трка и по нејзино завршување истите ќе бидат избришани и уништени согласно регулативата. Со поднесување на формата за регистрација, секое физичко лице потврдува дека е лично одговорно за своите активности и постапки за време на ревијалната трка и дека ќе се грижи за својот личен имот. Банката не превзема одговорност за однесувањето и постапките на учесниците како и евентуалните повреди или оштетувања на учесниците или нивниот личен имот за време на ревијалната трка и настанот. За реализацијата на ревијалната трка обезбедени се сите одобренија и дозволи согласно законските регулативи.

 

Целосната правна напомена можете да ја најдете тука.

Печати