КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 


 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

 

 

 

„КУПИ КУЌА, КУПИ СТАН“ -

 СУБВЕНЦИОНИРАНИ КРЕДИТИ ОД ПРОЕКТОТ НА ВЛАДАТА НА РМ

 

 

Повелете во една од филијалите на Банката и информирајте се за сите детали поврзани со проектот „Купи куќа, купи стан“. Нашите вработени се комплетно подготвени да ви помогнат да донесете одлука за купување или изградба на вашиот нов дом.

 

Во соработка со Министерството за финансии подготвени се Најчесто поставувани прашања кои можете да ги најдете тука.


Потребните документи кои ги налага Министерството за финансии се исто така достапни тука  додека во склоп на карактеристиките на станбениот кредит од Стопанска банка подолу се наведени и потребните документи кои ги налага Стопанска банка АД - Скопје.


Покрај субвенциите кај станбениот кредит од страна на Владата на РМ, Стопанска банка АД - Скопје ви нуди можност да имате помали каматни стапки за сите кредитни производи доколку платата ја примате преку Стопанска банка и доколку сте редовни во сервисирањето на вашиот кредит. На тој начин, вашиот нов дом ќе биде во склад со семејниот буџет.

 


КАРАКТЕРИСТИКИ НА

СУБВЕНЦИОНИРАН СТАНБЕН КРЕДИТ

Промотивна понуда

За времетрањето на Јавниот повик, односно за сите примени апликации за субвенциониран станбен кредит во периодот до 31.12.2014, Стопанска банка АД - Скопје ќе покрие 50% од трошоците за изготвување на Нотарскиот акт

Компаративни предности

• Ниски месечни ануитети како резултат на долги периоди на отплата

• БЕЗ провизија за предвремена отплата со сопствени средства

• БЕЗ депозит, БЕЗ жиранти, БЕЗ административни забрани, БЕЗ меница

• Можност да се стави под хипотека истиот стан кој се купува

• Ко-кредитобаратели може да бидат лица кои не се членови на потесното семејство

• Со секоја одобрена апликација - предодобрена кредитна картичка со лимит во зависност од износот на кредитот

Намена на кредитот

 - Купување на стан/куќа директно од инвеститорот или од изведувачот на градежните работи

  - Градба на куќа

Износ на кредит

  До 50.000 евра

Валута

 Денарски со клаузула во евра

Рок на отплата  Од 20 до 30 години
Отплата

  Еднакви месечни ануитети

  • Целосна или делумна предвремена отплата со сопствени средства е БЕЗ провизија
  • За рефинансирање на станбени кредити од СБ во други банки 3% провизија од рефинансираниот износ
  За сите иматели на трансакциска сметка во СБ, можна е отплата: со траен налог, преку системот на електронско  банкарство на СБ, преку банкоматите на СБ или преку системот на телефонско банкарство     
Трошоци   - Апликативни трошоци 500,00 денари

 - Административни трошоци 1% од износот на одобрениот кредит, еднократно (за клиентите кои плата примаат преку СБ)

 - Административни трошоци 1.50% од износот на одобрениот кредит, еднократно (за клиентите кои не примаат плата преку СБ)

 - Трошоци за проценка 2.000,00 денари

 - Трошоци за осигурување на имотот кој се става под залог

 - Нотарски трошоци за регистрација на хипотеката и упис во Агенцијата за катастар на недвижностите

  - Нотарски трошоци за Изјавите по барање на Министерството за финансии

 

Годишни каматни стапки

 

 

Вид на субвенција

50%/75% од месечниот ануитет 

50% / 75%  од учеството

3.95% фиксно за првите три години 4.80% (6 месечен ЕУРИБОР + 4.50 процентни поени за целото времетраење на кредитот)

4.44% фиксно за 4-тата и 5-тата година

6.89% променлива по 5-тата година (за клиенти кои платата ја примаат преку СБ)


7.65% променлива по 5-тата година (за клиенти кои платата не ја примаат преку СБ)

 

Обезбедување

  Залог на недвижен имот во вредност од 133% - 200% од износот на кредитот во зависност од локацијата на имотот  понуден како обезбедување

Критериуми за кредит

Покрај критериумите пропишани со Законот за субвенциониран станбен кредит потребно е да бидат исполнети и следниве критериуми:

  - Минимални месечни примања:

 9.100 денари за секој учесник во кредитот поединечно.

  • Kо-кредитобаратели може да бидат лица кои се членови на потесно семејство (родител, дете, сопруг/а),
  • Ко-кредитобаратели може да бидат лица кои не се членови на потесно семејство, но да ги задоволуваат следните услови:
  1. Ко-кредитобарателот да е клиент со плата во СБ (најмалку 1 месец), или
  2. Ко-кредитобарател да е клиент на со постоен кредитен производ во СБ, со добра кредитна историја
  • За прифатените ко-кредитобаратели (без оглед на тоа дали се членови на потесното семејство или не), 100% од нивните примања и задолжувања влегуваат во пресметките на DTI.

 - Максималниот вкупен износ на месечните примања по основ на плата за лицата кои не се во брачна заедница не смее да надмине 900 евра во денарска противвредност.

 - Максималниот вкупен износ на месечните примања по основ на плата за лицата кои се во брачна заедница не смее да надмине 1300 евра во денарска противвредност.

  - Возраст на кредитобарателот / ко-кредитобарателот минимум 20 години на денот на аплицирање, максимум 70 години на денот на отплата на кредитот. Доколку е вклучен минимум еден ко-кредитобарател максималната возраст на денот на достасување на кредитот е 75 години.

  -  Максималната задолженост е дозволена до 50% од месечните примања (за клиенти со плата во СБ), односно до 40% (за клиенти без плата во СБ).

  - Сопствено учество

  • најмалку 10% од продажната вредност на станот доколку како обезбедување се нуди имот со Имотен лист
  • најмлаку 25% од продажната вредност на станот доколку како обезбедување се нуди имо со Лист на предбележување на градба

  - Доколку се бара станбен кредит за градба на куќа, при што како обезбедување се нуди куќата која е предмет на градба заедно со земјиштето, минималното учество во однос на вкупната инвестиција за завршување на градбата потребно е да биде најмалку 25%. 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

 

во важност од 21.07.2014

 

 

Печати