КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 


 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

Корисни совети


• Картичките може да се користат за комплетирање на трансакции на инпринтери и POS терминали, за плаќање на стоки и услуги секаде каде е истакнат знакот на VISA, како и за подигање на готовина на банкомати и банкарски шалтери.


• Користењето на картичката во Р. Македонија се задолжува на тековната трансакциска сметка и е без провизија при плаќање кај трговците, при подигање готовина од банкоматите на Банката и на шалтерите на Банката.


• БЕЗ ПРОВИЗИЈА за плаќање во трговската мрежа во земјата и во странство вклучувајќи ги и ПОС терминалите од други банки.


• Користењето на картичката во странство се задолжува на девизната сметка без провизија, освен за подигање на готовина кога има провизија од 1 EUR+1.5% од износот што го подигате.


• Visa картичката е непренослива и може да ја користи исклучиво лицето чии податоци се содржани на картичката.


• За подигање готовина од банкомати се користи ПИН кодот (се наоѓа затворен во пликот што ви го доставуваме заедно со картичката), кој мора задолжително да го знаете, бидејќи, ако погрешно се внесе повеќе од два пати, банкоматот ја одзема картичката.


• ПИН кодот не го чувајте заедно со картичката. Никогаш не го запишувајте ПИН кодот, едноставно меморирајте го. Ако морате да го запишете, не го чувајте во паричникот, или на самата картичка. Никогаш не го давајте ПИН кодот. Никој од финансиска институција, полиција, или продажно место не смее да ве праша за вашиот ПИН код. Единствено вие го знаете ПИН кодот за Вашата картичка.


• Кога подигате готовина од банкомати осигурете се дека никој не може да го види ПИН кодот или износот на трансакцијата. Немојте да ги пребројувате парите додека стоите пред банкоматот, туку веднаш приберете ги парите, картичката и извештајот. Не ја оставајте Вашата белешка на банкоматот, земете ја со вас и проверете ја со месечниот извештај.


• Осигурете се дека сте ја потпишале вашата картичка на задната страна.


• Чувајте ја картичката како да е готовина. Никогаш не ја оставајте во возило, на маса во бар, ноќен клуб, или на плажа. Чувајте ја на сигурно место и не дозволувајте да биде изгребена, или оштетена.


• По извршување на плаќањето, или подигањето готовина, не заборавајте да ја земете картичката и извештајот за трансакцијата. Секогаш проверете го извештајот што го потпишувате за точноста на податоците и износот на трансакцијата.


• НИКОГАШ не го давајте бројот на картичката преку телефон, освен доколку не тргувате со сигурна компанија, или доколку вие самите сте иницијатор на повикот.


• Користењето на картичката за плаќање преку ИНТЕРНЕТ е на ваш ризик, при што постои можност за злоупотреба.


• Доколку дојде до ГУБЕЊЕ, или КРАЖБА, јавете се веднаш во VISA центарот на СТОПАНСКА БАНКА АД-СКОПЈЕ, на следниве телефонски броеви: (02) 3163 772, (02) 3295 387; (02) 3238 417


• Дополнителни информации можат да се добијат во VISA центарот на СТОПАНСКА БАНКА АД-СКОПЈЕ на тел. (02) 3163-772


Работно време: непрекинато 24 часа, секој ден во неделата

Печати