Процедури за поднесување на приговори или дојави


•  Следејќи ја определбата за примена на највисоките етички стандарди во своето работење, Стопанска банка АД - Скопје сега Ви овозможува доверлив и/или анонимен начин преку кој можете слободно да доставите приговор или дојава во врска со финансиските извештаи, сметководствените постапки, интерните сметководствени контроли или ревизорски прашања и останати неетички или нелегални активности.

•  Пред да пристапите кон пополнување на предвидениот Формулар за Известување, Ве молиме да ги погледнете нашите Најчесто поставувани прашања.

Секој укажувач може да поднесе Пријава до Овластено лице/а за прием на пријави користејќи го каналот на доставување кој највеќе му одговара.

Како канали за доставување на Пријави предвидени се следниве:

 

А) Усно, поднесена лично до Овластено лице/а за прием на пријави во Секторот за контрола на усогласенсота на работењето на банката со прописите;


Б) Писмено со поднесување на потпишана, доверлива или анонимна Пријава/Известување лично до Овластено лице/а за прием на пријави или преку редовна пошта на следната адреса:

          До Овластено лице/а за прием на пријави

          Стопанска банка АД – Скопје-*

          11 Октомври 7

          1000 Скопје

 

В) Електронски преку интернет страницата на Банката: www.stb.com.mk. Овој начин на Известување се извршува со пополнување на предвиден Формулар за Пријавување/Известување, обезбедувајќи целосна доверливост и анонимност на испраќачот.

Во следната табела се дадени видовите на области за кои можете да не известите. Откако ќе ја пронајдете соодветната област за која сакате да испратите приговор или дојава, едноставно притиснување на означеното поле во табелата ќе Ве одведе до Формуларот за Известување. По негово пополнување, со притиснување на означеното поле Испрати, Вашиот приговор/дојава ќе биде испратен на одговорното лице во Стопанска банка АД - Скопje.

 


Видови на прашања за приговори/дојави и нивни дефиниции
1 Неетичко евидентирање и анализа на деловните и финансиски трансакции на редовна основа, поврзани со важечките сметководствени правила и принципи.
Примери: погрешно прикажување на приходи и расходи, средства и обврски, погрешна примена на сметководствените правила, намерно извршени погрешни трансакции.
2

Конфликт на интереси претставува ситуација во која некое лице, како на пример менаџер кој ја застапува компанијата, вработен или експерт, има приватен или личен интерес кој би можел да влијае на објективноста при извршување на неговите или нејзините работни задачи.
Примери: несоодветни односи со добавувачи, поткуп, злоупотреба на доверливи информации и податоци, примање на несоодветни подароци.

3 Да се злоупотребат односно неовластено да се присвојат средства на Банката, со кои тоа лице е задолжено.
Примери: намерни книговодствени грешки, злоупотреба или присвојување на средства, злоупотреба или присвојување на готови пари.
4 Намерно непочитување односно прекршување на важечка интерна или екстерна регулатива, поспецифично законска регулатива и интерни политики и процедури на Банката.
5 Неовластено, незаконско или несоодветно користење на средствата на Банката, вклучувајќи неовластена употреба на средства за останати цели кои не се поврзани со конкретната деловна намена.
6 Нелегално користење и/или одземање на имот кој е сопственост на Банката, со цел негово користење за сопствени цели.
7 Неочекувано и несакано вербално или физичко однесување насочено кон вработен на Банката, поради неговиот или нејзиниот пол, религија, припадност кон етничка заедница или лични определби и уверувања, поспецифично однесување кое создава несакана или несоодветна ситуација или непријателско работно опкружување.
Примери: предрасуди при вработување, предрасуди при доделување на работни задачи, незаконско отпуштање, предрасуди при унапредување, предрасуди во донесување на одлуки за стручно усовршување, употреба на несоодветен речник или коментари, несакани дејствија или барања за сексуални услуги, закани, вознемирувања, или физички контакти.
8 Доколку сметате дека дефинициите презентирани погоре не го опишуваат настанот, активноста или ситуацијата која се однесува на било која друга неетичка деловна практика или нелегална активност, Ве молиме употребете го овој дел за да го испратите Вашето Известување.