КОБРЕНДИРАНА КРЕДИТНА КАРТИЧКА НА ВЕРО И СТОПАНСКА БАНКА
КАРАКТЕРИСТИКИ НА VISA VERO КРЕДИТНА КАРТИЧКА
Краток опис на производот
Meѓународна кредитна картичка, за користење во земјата и во странство за:
• Плаќање во трговската мрежа на сите VISA продажни места во земјата и странство
• Подигање на готовина на банкомати и шалтери
Компаративни предности
1. За сите купувања во земјата и во странство, следува одобрен попуст за бесплатно купување во ВЕРО маркетите. Попустот се добива во рамките на редовниот месечен преглед во висина од:
• 2,5% од вредноста на трансакциите направени во ВЕРО маркетите во РМ и
• 1% од вредноста на трансакциите направени со картичката на било која продажна локација
2. Можност за плаќање на РАТИ БЕЗ КАМАТА кај повеќе од 1.000 реномирани продажни места
3. Минимално месечно плаќање од само 5% од вкупниот долг
4. Бескаматен грејс период до 45 дена за трансакциите направени во трговската мрежа
5. Без провизија при плаќање во трговија
6. Без депозит, без жиранти, без административна забрана или меница
7. Брза и едноставна процедура на аплицирање во било која од филијалите на СБ и ВЕРО маркетите во РМ
Валута
МКД (денарски кредитен лимит)
Кредитен лимит
• Максимум 300.000 денари во зависност од примањата (максимум до 5 плати)
Период на важност
• 2 години за првото издавање
• 3 години при обновување на картичката
Каматни стапки
12.00% - редовна каматна стапка
10.80% - за корисниците кои пимаат плата преку Стопанска банка АД - Скопје
Каматата се пресметува само за искористениот износ
0% каматна стапка на трансакциите на рати без камата (се додека ратите не доспеат за плаќање)
Годишно членство за првата година на издавање
Бесплатни кредитни картички за првата година на издавање
за 3 картички - основната и 2 дополнителни картички
Годишно членство
1.500 денари при обновување на основната картичка. Бесплатно обновување на дополнителните картички
Делумно или целосно ослободување на годишното членство се добива врз основа на:
1. Остварениот годишен промет со основната и дополнителната картичка:
• Без наплата на членство за направен годишен промет од минимум 90.000 денари
• 600 денари годишно членство за направен годишен промет од минимум 60.000 денари
• 900 денари годишно членство за направен годишен промет од минимум 30.000 денари
2. Бесплатно членство (0 денари чланарина) добиваат сите корисници на Обезбеден кредит од Стопанска банка АД - Скопје (станбен, хипотекарен или автомобилски кредит)
3. 50% намалување на годишно членство добиваат корисниците на:
• ОК картичка (Отворен Кредит)
• Потрошувачки кредит без обезбедување
• VISA STAR кредитна картичка или
• VISA Classic дебитна картичка
Провизија за подигнување на готовина од банкомати и шалтери
|
Подигање на готовина од шалтери и банкомати (АТМ-и) на Стопанска банка АД - Скопје
|
Подигање готовина од АТМ-и и шалтери на други банки во земјата и странство
|
| Од шалтери на СБ |
Од банкомати (АТМ-и) на СБ |
100 денари + 3% од износот на трансакцијата |
| 5% (но не помалку од 100 денари) |
• 100 денари + 2% од износот на трансакцијата |
НАЧИН НА ОТПЛАТА
За сите кои платата/пензијата ја земаат преку СБ, или имаат тековна сметка во Стопанска банка:
• Можност за воспоставување на траен налог од тековната сметка за безгрижна отплата
• Можност за плаќање преку банкоматите или е-банкинг сервисот на СБ
Минимален износ за плаќање
5% - од искористениот износ на сите доспеани трансакции направени со картичката + пресметаната камата
МОЖНОСТ ЗА КУПУВАЊЕ НА РАТИ БЕЗ КАМАТА
• Можност за купување на еднакви месечни рати БЕЗ КАМАТА кај повеќе од 1000 трговци партнери на Стопанска банка (Нептун, Техномаркет, АМЦ, Пеко, Студио модерна, СЕТ, Симпо и многу други)
• Можност за купување на 2,3,4,5, 6,10,12,18,24 и 36 рати зависно од договорот со трговецот
• Минимален износ на трансакција за плаќање на рати без камата е 2.000 МКД
• Минимален износ на рата е 55 денари
• Вкупниот износ на трансакцијата на рати треба да е во рамки на расположливитот кредитен лимит, а ратите достасуваат како фиксни износи за плаќање, без камата, секој месец во зависност од избраниот број на рати и се вклучуваат во минималниот износ на плаќање со 5% од достасаната рата
• Важи само кај оние Трговци кои склучиле Договор за соработка со СБ за плаќање на рати без камата (превземајќи го трошокот за каматата на клиентите).
Кредитни критериуми
• Физички лица, Државјани на Р.Македонија
• Возраст од 20 до 67 години на денот на поднесување на барањето за кредитна картичка
• Минимални месечни од 8,100 денари
Потребни документи
1. Пополенто барање за VISA VERO кредитна картичка
2. Фотокопија од важечка лична карта,
3. За клиенти кои земаат плата во СБ, само извод од трансакциска сметка за последните три месеци
За сите останати, потврда за редовно вработување, заверена и потпишана од овластените лица кај работодавецот (не постара од 30 дена), а за лица вработени во приватна фирма и образец ПП53 (Декларација за прием од УЈП) за последниот месец
4. Фотокопија од последна платена сметка за електрична енергија, телефон или вода
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
24 часа Контакт Центар (02) 3100 109, кој е на располагање секој ден во неделата за сите ваши прашања и потреби, вклучително и за блокирање на изгубени или украдени картички
БАРАЊЕ за ко-брендирана кредитна картичка
ИНФОРМАЦИИ
Дирекција за картично работење, СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија
тел: + 389 (0) 2 3100 109; + 389 (0) 2 3163 772
факс:+ 389 (0) 2 3114 087
e-mail: kontaktcentar@stb.com.mk