КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 


 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

КАРАКТЕРИСТИКИ НА СТАНБЕН КРЕДИТ СО ЛИСТ ЗА ПРЕДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ГРАДБА

 

 ОПШТИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА СТАНБЕН КРЕДИТ СО ЛИСТ ЗА ПРЕДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ГРАДБА

Промотивна понуда

Сите клиенти кои ќе аплицираат во периодот од 20.03.2012 - 31.05.2012 добиваат:

  • 50% административни трошоци
  • 50% нотарски трошоци

Компаративни предности

  • Гарантирана каматна стапка за првите 3 години
  • Ниски месечни ануитети како резултат на долги периоди на отплата до 30 години и ниска гарантирана каматна стапка
  • БЕЗ провизија за предвремена отплата со сопствени средства
  • БЕЗ депозит,  БЕЗ жиранти,  БЕЗ административни забрани,  БЕЗ меница
  • Брза и едноставна процедура (првично пред-одобрување за 24 часа)
  • Можност да се стави под хипотека истиот стан кој се купува
  • Ко-кредитобаратели може да бидат и лица кои не се членови на потесното семејство
  • Со секоја одобрена апликација - преодобрена кредитна картичка со лимит во зависност од износот на кредитот

Намена на кредитот

  • Купување на нов стан  од правно лице со Лист за предбележување на градба

Износ

       Од 3.300 до 150.000 ЕУР 

Валута

Денарски кредит /  Денарски со девизна клаузула

 

Каматни стапки

(Годишни)

 

Обезбедување стан со Листа за предбележување на градба

ЕУР

6,25% фиксна за 3 год 

со плата во СБ

6,50% фиксна за 3 год

останати клиенти

Променлива за останатиот период

7,43% со плата во СБ

8,25% останати клиенти

МКД 

9,00% со плата во СБ

10,00% останати клиенти

Рок  на отплата

Максимум до 30 години

Отплата

  • Еднакви месечни ануитети
  • Целосна или делумна предвремена отплата со сопствени средства е БЕЗ провизија.
  • За рефинансирање на станбени кредити од СБ во други Банки 3% провизија од рефинансираниот износ.
  • За сите иматели на трансакциска сметка во СБ, можна е отплата: - со траен налог, преку е-банкинг системот на СБ, преку банкоматите на СБ или преку системот за телефонско банкарство на СБ.

Трошоци

  • Апликативни трошоци: 250 МКД (клиенти со плата во СБ) /500 МКД (останати клиенти).
  • Административни трошоци: 1,25% на износот на одобрениот кредит, еднократно
  • Трошоци за проценка 2.500 или 5.000 МКД во зависност од локацијата на имотот понуден како обезбедување
  • Трошоци за осигурување на имотот кој се остава под хипотека
  • Нотарски трошоци за регистрација на хипотеката и упис во катастар

Обезбедување

  • Хипотека на недвижен имот во вредност од 133%-200% од износот на кредитот во зависност од локацијата на имотот понуден како обезбедување

Критериуми за кредит

  • Државјани на Р. Македонија
  • Задолжително сопствено учество од најмалку 25% од вредноста на станот што се купува
  • Минимални месечни примања од 9.100МКД за сите учесници во кредитот поединечно
  • Месечен ануитет во однос на месечни примања:

ЕУР (кредити со девизна клаузула)

МКД  (кредити со денарска клаузула)

Максимум 45% - клиенти со плата во СБ

  Максимум 55% - клиенти со плата во СБ

Максимум 40% - останати клиенти

  Максимум 40% - останати клиенти

  • Возраст на клиентот мин. 20 години (на денот на аплицирање) - мах.70 години (на денот на досстасување кредитот). Доколку е вклучен минимум еден ко-кредитобарател максималната  возраст на денот на достасување на кредитот е 75 години.
  • Ко-кредитобаратели може да бидат лица кои се членови на потесно семејство (родител, дете, сопруг/а),
  • Ко-кредитобаратели може да бидат лица кои не се членови на потесното семејство, но да ги задоволуваат следните услови:
  1. Ко-кредитобарателот да е клиент со плата во СБ (најмалку 1 месец), или
  2. Ко-кредитобарател да е клиент со постоен кредитен производ во СБ, со добра кредитна историја

  • За прифатените ко-кредитобаратели (без оглед на тоа дали се членови на потесното семејство или не), 100% од нивните примања и задолжувања влегуваат во пресметките за DTI.

  • Доколку ко-кредитобаратели се лица кои не се членови од потесното семејство (сопруг/а, родител, дете) само 50% од нивните примања ќе влезат во пресметката на расположливите месечни примања при одобрување на кредитот
  • Физички лица кои се државјани на Р.Македонија, а се вработени во странство, може да се прифатат како кредитибаратели /ко-кредитобаратели само во случаи кога членови од потесното семејство кои се во редовен работен однос во Р.М. се јавуваат како кредитибаратели/ко-кредитобаратели. Воедно важат следниве услови:
  - Во пресметките за DTI (Debt to Income) влегуваат само 70% од месечниот приход за вработените во странство;
- Договорот за вработување како и последна годишна даночна изјава доставена до даночен орган во земјата каде е вработен кредитобарателот/ко-кредитобарателот треба да се преведени од овластен преведувач.

Потребни документи при аплицирање

1. Барање за станбен кредит (за кредитобарателот и ко-кредитобарателите)

2. Фотокопија од лична карта или пасош (за кредитобарателот и ко-кредитобарателите)

3. За клиенти кои земаат плата во СБ, потребно е само извод од трансакциска сметка за последните 3 месеци

За сите останати: Чек од пензија / Потврда за редовно вработување, заверена и потпишана од овластените лица кај работодавецот (не постара од 30 дена), а за лица вработени во приватна фирма и образец ПП53 (Декларација за прием од УЈП) за последните 3 месеци (за кредитобарателот и ко-кредитобарателите)

4. Пред договор /договор за обезбеден стан заверен на нотар

*5. Лист за предбележување на градба за станот што се остава под хипотека, (не постар од 15 дена при воспоставување на заложно право)

6. Извод од матична книга на родени (не постар од 6 месеци) / венчани (за кредитобарателот и ко-кредитобарателите)

7. Согласност за доставување извештај од Mакедонско кредитно биро АД Скопје (МКБ) (за кредитобарателот и ко-кредитобарателите).

 

* Документот е потребен при воспоставување на заложно право


Печати