i-Bank
Што е i-Bank сервисот?
Стопанска банка постојано е тука за вас и секогаш се труди да ви го понуди најдоброто. Затоа постојано чекориме рамо до рамо со светските текови на новата технологија и во таа насока наоѓаме решенија што ги употребуваме на начин што секогаш им е од помош на клиентите.
i-Bank претставува пакет на алтернативни канали кои овозможуваат вие самите да изибрате кога и каде ќе ги користите банкарските услуги, ќе го направат вашето секојдневие поедноставно и ќе ги завршите сите обврски во најкраток можен рок. Застанете „секогаш први во редот“ и извршувајте ги сами своите банкарски трансакции без разлика на времето и локацијата.
Достапност!
i-bank е бесплатен, софистициран сервис, едноставен за употреба 24 часа на ден и тоа преку:
1. Банкоматите со картичките од Стопанска банка:
• ЈАС плаќам сметки – сметки за телефон, интернет и мобилни услуги
• ЈАС плаќам рата за мојот кредит/картичка - Преку услугата трансфер на пари достапни ви се сите денарски плаќања од и на сметки во Стопанска банка.
• ЈАС дополнувам сметка за мобилен – лесно и едноставно надополнете ја вашата сметка за припејд мобилен телефон.
• ЈАС секогаш имам увид во мојата сметка – со еден клик до мини месечен извештај од вашите кредитни картички
2. е-banking сервисот е достапен за правни и физички лица и нуди можност за:
• Преглед на сите банкарски производи – сметки, кредити, картички и депозити
• Извршување на секакви денарски плаќања кон сметки во Стопанска банка или други банки во РМ
• Поднесување барање за кредитни производи
повеќе...

3. Телефонско банкарство е сервис достапен за физички лица на телефонскиот број од контакт центарот (02) 3100 109 24 часа на ден.
Искористете ја можноста да бидете постојано на линија со Стопанска банка, за брзо и едноставно реализирање на секојдневните банкарски потреби:
• Пренос на средства од сметка на сметка
• Плаќање на секаков вид на сметки како и рати за кредити и картички
• Проверка на состојба на сметки, картички, депозити и сл.
• Промена и регистрација на ПИН за phone bankinkg
• Консултација со агент и многу други услуги.
Прирачник за корисниците на телефонското банкарство.