УСЛУГИ ДОСТАПНИ ПРЕКУ БАНКОМАТ:
1. Сервис за ПЛАЌАЊЕ НА СМЕТКИ - претставува можност за плаќање на режиски трошоци со компании со кои СБ ќе склучи договор. Овој сервис е во најава. Сервисот за ПЛАЌАЊЕ НА СМЕТКИ ќе биде достапен само за корисниците на кредитни и дебитни картички издадени од Стопанска Банка (Visa & MasterCard). Користењето на сервисот за ПЛАЌАЊЕ НА СМЕТКИ е без НИКАКВА ПРОВИЗИЈА или НАДОМЕСТОК за корисниите на картички (дебитни и кредитни).
ВИДЕО ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА ПЛАЌАЊЕ НА СМЕТКИ
2. Сервис за ТРАНСФЕР НА СРЕДСТВА - претставува можност за денарски трансфер на средства од денарската сметка поврзана со картичката на некоја од следниве категории на сметки:
• Тековни сметки
• Кредитни картички и ОК
• Виза Интернет сметка
• Сметка на кредит – станбен/автомобилски/потрошувачки
• Флекси депозит
При извршувањето на трансакцијата клиентот внесува само:
• 10-цифрената сметка (без водечките 200 и без последните 2 броја) и
• износот за плаќање
Сервисот за ТРАНСФЕР НА СРЕДСТВА е достапен за сите картички (Visa & MasterCard) издадени од Стопанска банка, како и за корисниците на ОК кредитот. Притоа:
• Трансакциите направени со дебитни картички и ОК картички издадени од Стопанска Банка не подлежат на никаква провизија при трансферот на средства.
• Трансакциите направени со кредитни картички издадени од Стопанска Банка, подлежат на редовната провизија за подигање на готовина (100 ден. + 2% од износот).
ВИДЕО ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА ТРАНСФЕР НА СРЕДСТВА
3. Мини Преглед – претставува можност за увид во најважните податоци од последниот месечен преглед за кредитната картичка или ОК. Притоа клиентот има увид во следниве податоци:
• Период за кој се однесува последниот извештај (од – до)
• Минимален износ за плаќање
• Вкупен искористен износ од кредитниот лимит
• Износ на кредитниот лимит
• Расположливи средства (на крајот од кредитниот циклус)
Со внесување на било која (своја) кредитна или дебитна картичка, клиентот може да побара увид во основните податоци од последниот месечен преглед на своите кредитни картички или ОК.
ВИДЕО ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА МИНИ МЕСЕЧЕН ИЗВЕШТАЈ
ДОПОЛНИТЕЛНИ НАПОМЕНИ ЗА НОВИТЕ УСЛУГИ НА БАНКОМАТИТЕ:
•Сервисот за АТМ Плаќања е овозможен само за картичките издадени од Стопанска Банка
• Сервисот за АТМ Плаќање е наменет само за физички лица. VISA BUSINESS картичките кои гласат на правни лица, се исклучени од можноста за користење на овој сервис.
• Трансакциите направени преку сервисот за АТМ Плаќање не подлежат на никаква дополнителна провизија.
• Сервисот за ПЛАЌАЊЕ НА СМЕТКИ е достапен за сите (Visa & MasterCard) картички издадени од Стопанска Банка. Исклучок се само VISA BUSINESS картичките кои гласат на правни лица.
• Користењето на сервисот за ТРАНСФЕР НА СРЕДСТВА има третман на кеш трансакција. Токму поради ова трансакциите направени со кредитните картички (Visa & MasterCard) подлежат на редовната провизија за готовински трансакции од кредитни картички во износ од 100 ден. + 2% од износот. На овој начин се спречени можните злоупотреби во насока на трансфер на средства од кредитна картичка на дебитна картичка, па потоа повлекување на готовина од дебитната картичка без провизија.
• Сервисот за АТМ Плаќање функционира 24/7, односно постојано е на располагање за трансакции на корисниците во рамките на 24 часа, секој ден во неделата.
• Трансакциите направени надвор од работното време на платниот промет на СБ, се реализираат (книжат) следниот работен ден. Такви се сите трансакции (од понеделник до петок) направени по 18:00 а во сабота трансакциите направени по 14:00.
• Трансакциите направени во рамките на работното време на платниот промет, се реализираат истиот ден.
• При реализирањето на трансакциите преку АТМ сервисот за ТРАНСФЕР НА СРЕДСТВА, доколку внесениот износ (за трансфер) има децимални позиции – трансакциите се реализираат согласно општоприфатените норми за заокружување на ниво од 0.50 или 1 денар.
• Со внесување на било која (своја) кредитна или дебитна картичка, клиентот може да побара увид во (Мини Преглед) основните податоци од последниот месечен преглед на своите кредитни картички или ОК. Со оглед на тоа што податоците прикажани во Мини Прегледот се презентираат директно од базата на Картичниот Систем, кај износите не е применет принципот на заокружување на ниво од 0.50 или 1 денар.