КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР (02) 3100 109

 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

ФЛЕКСИ ДЕПОЗИТ

 

ФЛЕКСИ ДЕПОЗИТ 

Опис на производот

    Штедна сметка по видување т.е. трансакциска сметка, при што директно се вршат сите уплати и исплати на и од сметката

    Атрактивен производ со можност за слободно и неограничено вложување и подигање на средства по избор, без ограничување

Придобивки за клиентот 

- Можност за неограничени уплати и исплати

- Атрактивни каматни стапки како за орочен депозит

- Можност за дополнителни уплати преку траен налог или e-banking

- Увид во состојбата преку алтернативни канали

Валута 

МКД и ЕУР

Каматна стапка

годишни, променливи 

Актуелните каматни стапки се приложени на следниов линк.


Каматата се пресметува на целата состојба на средства на сметката. Каматните стапки се годишни, променливи

Пресметка/Исплата -капитализација на камата 

    Каматата се пресметува последниот календарски ден во месецот (30ти /31ви) и се капитализира  месечно на истата сметка на која е основниот влог при што на вкупниот износ СБ пресметува камата

    Клиентот располага со каматата првиот календарски ден во месецот со валута од последниот календарски ден во месецот (30ти /31ви)

Минимален почетен износ на влог 

30.000 МКД, односно 500 ЕУР

За дополнителните вложувања не е дефиниран минимален износ

Дополнителни вложувања/подигања 

    Можни се неограничени дополнителни вложувања на сметката на која се наоѓа основниот влог при што дополнително вложените средства се припишуваат на веќе вложените средства и на вкупниот износ СБ пресметува камата.

    Можни се неограничени дополнителни подигања од средствата на сметката. При првото подигање во месецот (календарски месец) не се наплаќа провизија, а за секое наредно подигање после првото се наплаќа фиксен трошок од 5 ЕУР/300 МКД кој се задолжуваат од сметката за Флекси депозит.

    Бројот и износот на дополнителните вложувања и повлекувања на сметката на Флекси депозитот не се ограничени

Уплати на Флекси со траен налог/ e-banking 

Сите клиенти, сопственици на Флекси депозитот кои се воедно и сопственици на тековна сметка со редовни месечни приливи во Стопанска банка, може да дадат траен налог за редовно месечно уплаќање на средства од тековната сметка на сметката за Флекси депозитот или да вршат уплати преку e-banking

Негативна состојба на сметка

Не е дозволено да се оди во негативна состојба на сметка

Затворање на сметката

Затворање на сметката се врши на писмено барање на клиентот доколку ги има измирено обврските кои произлегуваат од договорот

Документи

    При отворање на сметката клиентот приложува важечки документ за идентификација (лична карта или пасош)

    По отворање на сметката клиентот добива:

-       Договор за депозитот и

-       Флекси картичка за идентификација

    Промените на сметката за Флекси депозитот се следат преку месечен извод на барање на клиентот на било кој шалтер на  Банката

Печати