Е-COMMERCE - ЕЛЕКТРОНСКА ТРГОВИЈА

 
Електронската трговија (e-commerce) е модерна алатка, која нуди најевтина форма на продажба за секој трговец.

Со зголеменото навлегување на интернет, Македонија се најде на врвот на земјите од регионот според бројот на корисници на интернет. Затоа веб-страниците на трговците сè повеќе и повеќе го зголемуваат своето значење - ги нудат информациите за сите производи и услуги на продажба кај трговецот, претставуваат точка за остварување контакт со трговецот и, секако, можност за остварување продажба и тоа 24 часа на ден, секој ден во неделата.

Благодарение на големиот број картички што ги има издадено Стопанска банка а.д. – Скопје, приоритет на Банката беше да развие и да воведе систем за електронска трговија што на трговците-партнери на Банката ќе им овозможи да остваруваат директна продажба на интернет. Системот е развиен и веќе успешно функционира со поголемите компании во Македонија. Со услугата електронска трговија (e-commerce) од Стопанска банка Вие заштедувате на работна рака и на продажни салони, а добивате лојални и задоволни клиенти.

Сервисот за електронска трговија е наменет за постојните корпоративни клиенти на Стопанска банка што ја прошируваат својата продажба на интернет.

За повеќе информации контактирајте не на e-commerce@stb.com.mk

Печати