КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 


 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

Дознаки за странство

Извршување на дознака
Дознака во странство може да се изврши во сите филијали на СБ, а во Филијала Скопје, во експозитурите "Младина" и "Јане Сандански" во населбата Аеродром, во времето од 8-16 часот

Реализација
Истиот ден кога е примен налогот, со датум на валута наредниот ден

Намени и лимити за трансфер
- Семејни животни трошоци (престој во странство поради школување, лекување и други трошоци) и лични трансфери на средства (семејни заеми, подароци, мираз, наследства, завештанија, подмирување на долгови на доселеник кон матичната земја, пренос на средства на иселеник во странство, игри на среќа) во противвредност до 2.500 EUR месечно, со, или без презентација на документ
- Еднострани лични трансфери на средства над 2.500 EUR, или противвредност во друга валута, со презентација на соодветен документ, заверен кај нотар (одлука, договор, решение, изјава, или друг документ заверен кај нотар), иселеничка, или работна виза
- Плаќање во странство за купување на стоки и услуги до износ на кој гласи документот, врз основа на кој се утврдува основот за плаќање, презентиран во СБ
- Пренос на средства од сметка во СБ на сметка во странство на исто физичко лице, по барање на физичкото лице кое привремено престојува во Република Македонија врз основа на важечка виза за престој, односно работна виза во траење од најмалку 6 месеци и има третман на резидент, врз основа на презентирање документ за измирени давачки за остварениот доход на територија на Република Македонија
- Пренос на средства од сметка во СБ на сметка во странство на исто физичко лице, по барање на физичкото лице со двоен статус, односно кое во исто време поседува документ за постојан престој во Република Македонија и документ за постојан престој во странство
- Трансфер на девизни средства од сметките на резидентот во СБ на неговата сметка во странски банки и обратно, врз основа на приложување на доказ-работна виза, или виза за престој во странство за период од најмалку 6 месеци

- Види потребни документи

 

Нерезидент може неограничено да врши трансфер на средства во странство
Плаќање со ностро дознака од страна на резидент - физичко лице во корист на сметката на нерезидент комитент на СБ, се врши со поднесување на сите документи како за плаќање во странство
При испраќање на дознака се наплатува провизија согласно Тарифата на СБ за надоместоци

Провизија
-0.27% од денарската противвредност минимум МКД 250.00
-ностро дознака до ЕУР 50.00 без провизија само свифт трошоци МКД 350.00

Печати