|
КАРАКТЕРИСТИКИ НА ДОЛГОРОЧЕН/ИНВЕСТИЦИОНЕН КРЕДИТ ЗА ПРАВНИ ЛИЦА
|
| Компаративни предности |
Едноставна постапка и поволни услови
|
| Намена на кредитот |
Купување, изградба, доградба, реновирање на недвижен имот, транспортни средства, опрема и машини
|
| Износ |
Согласно кредитната способност на правното лице
|
| Валута |
МКД/ЕУР
|
| Каматни стапки годишни |
ЕУР: од 8,45%
МКД: од 10,00%
|
| Рок на отплата |
До 10 години рок на отплата
|
| Исплата |
Одобрениот кредит се исплаќа на жиро сметка на добавувачот/продавачот
|
| Отплата |
Месечни или тримесечни еднакви рати Можност за грејс период |
| Трошоци |
• Провизија за обработка на кредитното барање: 0,1% од износот на кредитот минимум 600МКД, максимум 50.000МКД (еднократно, однапред) • Провизија за управување со кредитот: 1,5% (однапред) за првата година и 0.5% за останатите години • Провизија за проценка: 5.000МКД само за првата проценка • Провизија за предвремено затворање на кредитот:
1% од предвремено отплатениот износ (во преостанат период до 12 месеци)
2% од предвремено отплатениот износ (во преостанат период од 12 - 24 месеци)
3% од предвремено отплатениот износ (во преостанат период над 24 месеци)
• Трошоци за обезбедување на потребната документација од соодветните државни органи
|
| Обезбедување |
• Хипотека на недвижен имот (земјиште) согласно проценка од овластен проценител, сооднос кредит/обезбедување не помал од 1:1,5-1,8 зависно од бонитетот на компанијата. • Меница со менична изјава потпишана од страна на управителот (Кредитниот одбор го задржува правото да побара гарантирани меници)
|
| Критериуми за кредит |
• Правни лица регистрирани за работа во Р. Македонија • Профитабилна компанија • Проценка на кредитната способност врз основа на кредитна анализа направена од страна на кредитен референт на Банката |
| Потребни документи за поднесување на барање |
• Барање потпишано од управителот на компанијата • Тековна состојба од Централен регистар (ЦР) не постара од 6 месеци • ЗП образец од ЦР заверен на нотар • Официјални финансиски извештаи за последните 3 години (ако компанијата е активна 2 години, тогаш потребни се само финансиските извештаи од последни 2 години) • Финансиски извештај со пресек • Валиден имотен лист (за проценка) • Фактура/купопродажен договор за комерцијално возило, купопродажен договор за купување на недвижнина, бизнис план за изградба или доградба
|
| Потребни документи по одобрување на кредитот |
• Оригинал тековна состојба од Централен регистар не постара од 14 дена
• Оригинал валиден имотен лист од Катастар (со најнов датум, за нотар)
• Оригинал потврда од Катастар дека имотот не е под хипотека • Оригинал потврда дека фирмата не е во стечај од ЦР • Оригинал потврда дека над фимата не се води ликвидациона постапка, од ЦР • Изјава за поврзаност (образецот го дава Банката, а го потпишуваат сопствениците) • Изјава и/или Одлука за задолжување со долгорочен кредит за засновање на заложно право, издавање на меници и овластување на лице за потпишување на договор, меници и нотарски акти • Бланко меница со менична изјава потпишана од страна на управителот (Кредитниот одбор го задржува правото да побара гарантирани меници)
Април, 2012
|