КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР (02) 3100 109

 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

3D_Secure_slika_za_web

Карактеристики на девизен штеден влог


Отворање во
Филијала на СБ


Минимално салдо

Документ кој го идава филијала на СБ
при отворањето на девизен штеден влог СБ на комитентот му издава:
- договор за отворање девизен штеден влог-сметка
- штедна книшка на барање на клиентот


Уплати
- во ефективни странски пари, во сите филијали, на било кој шалтер на СБ и тоа неограничено за резиденти, а за нерезиденти до 10.000 ЕУР месечно , или противвредност на друга валута до тој износ, како и исносот на непотрошени ефективни странски пари, претходно подигнати од истата сметка. Нерезидент може да уплати поголем износ со поднесување писмено барање и оригинална писмена потврда издадена од Царинска управа на Република Македонија, не постара од 5 работни дена од денот на издавањето
- банкарски чекови кои гласат на конвертибилна валута (влечени на СБ)
- меѓународна поштенска упатница
- банкарска дознака
- пренос од друга сметка во СБ


Исплати
- во ефективни странски пари во сите филијали на било кој шалтер на СБ, за резидент / нерезидент без ограничување во рамките на расположливите средства
- во денари во сите филијали на било кој шалтер на СБ, за резидент / нерезидент без ограничување во рамките на расположливите средства
- за извршување на ностро дознака на резидент за семејни животни трошоци и лични трансфери на средства во противвредност на 2.500 EUR месечно, со, или без презентација на документ
- еднострани лични трансфери на средства над 2.500 EUR, или противвредност во друга валута , за резидент со презентација на документ од кој може да се утврди основот и обврската за плаќање, а за нерезидент во рамките на расположливите средства врз основа на барање и важечки документ за идентификација или копија заведена кај нотар, иселеничка, или работна виза
- плаќање во странство за купување на стоки и услуги до износ на кој гласи документот
- ностро дознака по основ враќање на пензија во странство по основ на барање на пензиски завод во странство
- пренос на средства од сметка во СБ на сметка во странство на исто лице кое има статус на нерезидент, односно врз основа на приложување на доказ - работна виза, или виза за престој во странство за период од најмалку 6 месеци
- издавање на ностро чекови до 2.500 EUR по основ на личен трансфер, без обврска за презентација на документ за плаќање, а на износ поголем од 2.500ЕУР за резидент со задолжителна презентација на документ, врз основа на кој ќе се утврди основот на плаќање
- за плаќање на стоки на консигнациони складови со презентација на фактура за плаќање
- за плаќање во денари на домашни правни лица, неограничено за резиденти и нерезиденти во рамките на расположливите средства
- со пренос на средства на друга сметка во СБ и во странство, на име на комитентот на коj гласи сметката
- за плаќање на општествен стан на основа на потврда во која се наведени износот на средствата, начинот на плаќање и бројот на бодовите што се плаќаат со износот на средствата

Нерезидент може неограничено да врши трансфер на средства во странство и неограничено да врши плаќања во платниот промет во Република Македонија


Документ кој се доставува во филијала на СБ за располагање со влогот / депозитот
Сопственикот/ополномоштеното лице за располагање со депозитот презентира во филијала на СБ:
- документ за идентификација
- штедна книшка
Исплати може да се извршат и без да се презентира штедната книшка, но во тој случај комитентот е должен да презентира идентификациона картичка издадена од СБ и дополнително да ја достави штедната книшка за да се ажурираат настанатите промени. Одговорноста за ажурирање на штедната книшка е на сопственикот на депозитот


Камата
- се пресметува од денот на уплатата до денот на исплатата, со примена на каматна стапка за соодветната валута во која се води депозитот, утврдена со одлука на СБ. Каматната стапка е променлива. Пресметката на каматата се врши месечно, со припис на депозитната сметка со иста валута

Стопанска банка, согласно важечката регулатива редовно ги објавува тековните годишни стапки на вкупните трошоци на веб страната, на шалтерите на Банката и преку сите јавни медиуми. 


Овластување
- сопственикот на влогот може да овласти друго полнолетно лице за располагање со влогот. Овластување може да се издаде во моментот на отворање на влогот, или дополнително во било кој период (види текст за давање полномошно на друго лица за располагање со депозитот)


Тајност
- податоците на штедниот влог се деловна тајна на банката


Соопштување податоци за штеден влог
Податоците за сметка (број на сметка, состојба на сметка, издадени, и други податоци поврзани со сметката) се деловна тајна на СБ.
Податоците за сметки можат да се соопштат во следните случаи:
•  ако е пропишано со закон објавување на податоците и информациите
•  ако сопственикот на сметката и дал писмена согласност на СБ за откривање на податоците
•  на писмено барање на надлежниот суд за водење на постапки кои се во рамките на неговите надлежности
•  за потребите на НБРМ или на друг супервизорски орган овластен со закон
•  на писмено барање на Управата за јавни приходи за водење на постапки кои се во рамките на неговите надлежности
•  ако податоците се соопштуваат на Бирото за спречување на перење пари и финансирање тероризам, во согласност со закон
•  ако податоците се соопштуваат на Биро за финансиска полиција, во согласност со закон
•  на писмено барање на Девизен инспекторат за контрола на девизното работење
•  на писмено барање на Фондот за осигурувањер на депозити , во согласност со закон
•  ако податоците се соопштуваат за потребите на функционирање на Кредитниот регистар на НБРМ
•  по писмено барање на лицата овластени за извршување во согласност со закон


Исплати од штеден влог на починат комитент
Во случај на смрт на комитент престанува правото за располагање со влогот на лицето кое е ополномоштено за располагање.
Во СБ може да се исплати од влогот пред да се поведе оставинска постапка, на име на трошоци за погреб на починатиот


Постапка со загубена штедна книшка
Сопственикот/ ополномоштеното лице за располагање со депозитот писмено пријавува во филијала на СБ дека е изгубен соодветниот документ со цел веднаш да се изврши замена со нов документ. Ако сопственикот сака може да се изврши:
- блокада на средствата на рок што тој ќе го одреди
- да се затвори сметката и салдото да се пренесе на нова сметка


Затворање на штеден влог
Затворање на денарски штеден влог
- на барање на сопственикот на депозитната сметка
- по оценка за неактивност на сметката, согласно одлука на орган на СБ
За спроведување на затворањето, на барање на комитентот, се презентира штедна книшка и договор за депозит, се проверува состојбата на депозитот и обврските по сметката. Ако комитентот има обврски од депозитот кон СБ, или на депозитот се ставени обврски на комитентот кон други физички и правни лица врз основа на решенија на надлежни органи во Република Македонија, не може да се спроведе затворањето

Печати