ДЕВИЗЕН ПАЗАР


Дневни анализи >


Банката е позиционирана како банка - подржувач (маркет мејкер) на домашниот девизнен пазар, нудејќи мала маргина меѓу куповните и продажните курсеви. Дилерите на девизниот пазар котираат повластени курсеви за износи повисоки од ЕУР 1.000 за правни и износи над ЕУР 10.000 за физички лица со што клиентите на Банката добиваат многу поповолни цени од важечката курсна листа. 


Банката ги нуди следниве производи:

 

  • промптна купопродажба на девизи (spot) е договарање на купување или продавање на девизи по актуелни пазарни цени со валута на извршување на трансакцијата од најмногу 2 работни дена

  • терминска купопродажба на девизи *forward е договарање на купување или продавање на девизи на иден датум, подолг од 2 работни дена и е инструмент за заштита од курсен ризик. 

 

 

Трансакциите на девизен пазар се склучуваат секој работен ден од 8:30 до 16:00 часот.  Предмет на купопродажба се валутите објавени на курсната листа на Банката. Намерите за купување/ продавање на девизи може да се достават лично, по факс или по e - mail во сите експозитури и филијали на Банката.

Налог за купување /продавање на девизи

Клиентите имаат можност да ја овластат Банката за потпишување на заклучниците, како и за трансфер на девизи/ денари во нивно име со што заштедуваат на време. 


За подетални информации контактирајте ја Дирекцијата за тргување и девизен пазар:

 

Телефони:

(02) 3295- 102

(02) 3295- 103

(02) 3295- 107

(02) 3295- 108

Факс:  (02) 3226- 866

e-mail: devizen.pazar@stb.com.mk

 

Корисни линкови:


www.nbrm.mk


Закон за девизно работење


Упатство за начинот и условите на купопродажба на странски платежни средства во РМ

 

Forward

 

* Forward- спаѓа во групата на термински трансакции бидејќи подразбира валута на извршување на трансакцијата подолго од 2 дена. Forward е договарање на купопродажба на девизи на некој иден датум по однапред договорен и фиксиран курс. Овој инструмент најчесто се користи заради заштита од курсен ризик (hedging), односно заштита на идните парични текови. Курсот што се договара при forward трансакциите е резултат на моменталниот пазарен курс и разликата во висината на каматните стапки на двете валути од валутниот пар (кои се однапред познати), така да трансакцијата не претставува шпекулација или предвидување. Воедно, со склучување на forward договор со банката настанува обврска за извршување на трансакцијата на денот на валута по однапред договорениот курс без можност за откажување на договорот.

Секое правно лице увозник или извозник работи FX трансакции (на пр. има приходи во УСД, а обврски во МКД) изложен е на курсен ризик. Курсниот ризик настанува во моментот на договарање на цената на производите/ услугите во странска валута, што подразбира и наплата во странска валута. На пример, ако се работи за правно лице кое извезува и наплаќа во УСД, а своите обврски ги подмирува во МКД, курсниот ризик се состои во тоа што на денот на наплатата, курсот УСД/ МКД може да биде понизок од денот на договарање на цената на производите/ услугите во УСД (на ден на договарање на цената на производите/ услугите, вредноста на доларот е 50,10, а на денот на наплата вредноста на доларот е 48,50). Затоа овој вид на трансакции се користи како ефикасно средство за заштита од курсен ризик.

Печати