КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 


 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

Карактеристики на денарски штеден влог


Отворање во
Филијала на СБ


Минимално салдо
100,00 МКД


Документ кој го идава филијала на СБ
При отворањето на денарски штеден влог / депозит по видување, СБ на комитентот му издава:
- договор за орочен депозит
- штедна книшка / картичка за депозит по видување


Уплати
- во готово, во сите филијали на било кој шалтер на СБ
- пренос на плата од работодавец
- пренос од друга сметка во СБ
- пренос од сметка во друга банка


Исплати
- во готово, во сите филијали на било кој шалтер на СБ
- со пренос на средстав на друга сметка во СБ, или во друга банка


Документ кој се доставува во филијала на СБ за располагање со влогот / депозитот
Сопственикот/ополномоштеното лице за располагање со депозитот презентира во филијалата на СБ:
- документ за идентификација
- штедна книшка, ако на тој депозит е издадена
- картичка за сметка, ако на тој депозит е издадена
Исплати може да се извршат и без да се презентира штедната книшка, но во тој случај комитентот е должен да презентира идентификациона картичка издадена од СБ и дополнително да ја достави штедната книшка, за да се ажурираат настанатите промени. Одговорноста за ажурирањето на штедната книшка е на сопственикот на депозитот


Камата
- се пресметува од денот на уплатата до денот на исплатата, со примена на каматна стапка утврдена со Одлука на СБ. Каматната стапка е променлива. Пресметувањето на каматата се врши месечно.
Стопанска банка, согласно важечката регулатива редовно ги објавува тековните годишни стапки на вкупните трошоци на веб страната, на шалтерите на Банката и преку сите јавни медиуми.


Овластување
- сопственикот на влогот може да овласти друго полнолетно лице за располагање со влогот. Овластување може да се издаде во моментот на отворање на влогот, или дополнително, во било кој период (види текст за давање полномошно на друго лице за располагање со депозитот)


Траење на овластувањето
- додека е отворен депозитот
- до отповикување од сопственикот на влогот
- и по смртта на сопственикот на влогот, ако тој така наведе во полномошното


Тајност
- податоците на штедниот влог се деловна тајна на банката


Соопштување податоци за штеден влог
- ако сопственикот на влогот и дал писмена согласност на СБ за откривање на податоци
- на писмено барање, или налог од надлежниот суд
- по писмено барање на НБРМ за потребите на супервизијата, или на друг орган овластен со закон
- ако податоците се соопштуваат на Дирекцијата за спречување на перење на пари, во согласност со закон



Исплати од штеден влог на починат комитент
Во случај на смрт на комитент престанува правото за располагање со влогот на лицето кое е ополномоштено за располагање, освен во случај кога е издадено полномошно за располагање со средствата и после смртта на сопственикот на влогот

Во СБ може да се исплати од влогот пред да се поведе оставинска постапка, на име трошоци за погреб на починатиот

 

Постапка со загубена штедна книшка , договор, картица за депозит
Сопственикот/ ополномоштеното лице за располагање со депозитот писмено пријавува во филијалата на СБ дека е изгубен соодветниот документ, со цел веднаш да се изврши замена со нов документ. Ако сопственикот сака, може да се изврши:
- блокада на средствата на рок што тој ќе го одреди
- да се затвори сметката и салдото да се пренесе на нова сметка


Извод за состојба на депозитна сметка на која е издадена картица
Се издава на било кој шалтер на СБ на барање на сопственикот на депозитот, или овластеното лице за располагање со депозитот, со презентирање на документ за идентификација и со картичка за сметката / идентификациона картичка


Траен налог за плаќање
Сопственик на депозитна сметка/ овластено лице за располагање со депозитната сметка, може да даде траен налог во филијала на СБ за плаќање на одредени услуги, или за пренос на средства на друга одредена сметка во СБ за плаќање / пренос секој месец, при што може:
- да го одреди и датумот и износот за плаќање / преносот
-или да ја овласти СБ од сметката да плати на ден и износ, наведен во документот за плаќање, издаден од правното лице на чија сметка се врши плаќањето со трајниот налог
Трајниот налог се реализира, ако на сметката има средства за целосна реализација
Траен налог даден во СБ може да отповика сопственик на депозит / овластено лице за располагање со депозитот со неограничено право на располагање


Затворање на штеден влог / депозит по видување
Затворање на денарски штеден влог/ депозит по видување може да се изврши:
- на барање на сопственикот на депозитната сметка
- по оценка за неактивност на сметката, согласно одлука на орган на СБ
За спроведување на затворањето, на барање на сопственикот се презентира штедна книшка / договор за депозит, се проверува состојбата на депозитот и обврските по сметката. Ако комитентот има обврски од депозитот кон СБ, или на депозитот се ставени обврски на комитентот кон други физички и правни лица на основа на решенија на надлежни органи во Република Македонија, не може да се спроведе затворањето

Печати