
Депозити во Стопанска банка АД - Скопје
Стопанска банка АД - Скопје е Банка со најдолга традиција на македонскиот пазар. Покрај традицијата исполнета со раст, развој и успех Банката како членка на најголемата групација во Југоисточна Европа – Националната Банка на Грција нуди сигурност и стабилност за вашите депозити и конкурентна предност за вашиот бизнис.
Вложете ги вашите средства во сигурни пласмани, по конкурентни каматни стапки, на флексибилни рокови согласно вашите потреби и можности. Орочувањето на паричните средства и производите кои ги нудиме се целосно подредени на вашите потреби и барања кои постојано ги следиме и имплементираме во нашето работење.
Кој сè може да орочи депозит?
Правни лица односно микро, мали и средни претпријатија, корпорации, здруженија и јавни установи.
Кои видови на депозити постојат?
• Денарски и
• Депозити во странска валута
Депозитите можат да бидат без одредена намена или наменски.
Што треба да знаете?
Износ на депонирање: Неограничен
Рок на депонирање:
За денарски депозити: по видување, на кратки рокови до 1 месец и рокови од 1 месец до 60 или повеќе месеци.
За депозити во странска валута: од 1 месец до 24 или повеќе месеци.
Каматна стапка:
Каматните стапки за сите видови денарски депозити се утврдуваат согласно Одлуките за каматни стапки на Стопанска банка АД – Скопје.
Важно е да се напомене дека каматната стапка се разликува во зависност од периодот на орочувањето и од висината на депонираниот износ.
За денарски депозити над 5.000.000,00 МКД каматната стапка се одредува договорно.
Исплата на камата:
Исплатата на каматата се врши на денот на достасување на депозитот или месечно, во согласност со барањата на клиентите.
Располагање со депонираните средства:
За сите видови орочени депозити располагањето со депонираните средства е можно во моментот на достасување на депозитот односно со завршување на периодот на орочувањето или предвреме согласно условите на банката. Кај депозитот по видување клиентот неограничено може да располага со средствата во секој момент.
Каматни стапки за денарски депозити
Каматни стапки за депозити во странска валута
