Дома >>
Население >>
Депозити >>
Давање полномошно на друго лице за располагање со средствата од депозитот

Давање полномошно на друго лице за располагање со средствата од депозитот
Сопственикот на депозитот може во моментот на отворање на депозитот или дополнително да даде полномошно на друго физичко лице (едно или повеќе) за располагање со средствата од депозитот во периодот на важење на договорот за депозит:
- на шалтерите на СБ
- кај нотар,
- дипломатско конзуларно претставништво на Република Македонија во странство и кај друг надлежен орган
Полномошно дадено надвор од СБ пред надлежни надворешни органи се поднесува во СБ во оригинал, или во копија заверена кај нотар.
Сопственикот на депозитот може да даде полномошно за:
- неограничено располагање со средствата
- ограничено располагање со средствата (на одреден износ, или на одреден период, или за располагање само со каматата и слично)
- еднократно полномошно
Ополномоштеното лице нема право да бара СБ да ја затвори сметката на која се води депозитот , ниту да го пренесе неговото полномошно на друго лице.
Сопственикот на депозитот може да одреди полномошното да се користи:
- во периодот на важење на договорот за депозит се до отповикувањето од страна на сопственикот на депозитот
- и после смрта на сопственикот на депозитот доколку така сопственикот наведе во полномошното
