Со цел да ги подобри нивото и квалитетот на услугите и производите, Стопанска банка АД – Скопје воведе дополнителна услуга за своите клиенти. Сега можете слободно да ги доставите своите прашања, коментари, пофалби и жалби на некои од услугите или производите кои ги овозможува Стопанска банка АД - Скопје или нејзините вработени. Тоа можете да го направите целосно анонимно, или доколку сакате да добиете одговор, можете да ги оставите Вашите лични податоци.
Пријавувањето можете да го извршите со едноставно пополнување и испраќање на предвидениот Формулар, кој Ви е достапен:
На Web страницата на Стопанска банка АД – Скопје (www.stb.com.mk);
На означените места во Мрежата на филијали на Стопанска банка АД – Скопје; или
Со испраќање преку редовна пошта на следната адреса:
Стопанска банка АД – Скопје
Советник за примена на прописи
Со назнака: Грижа за клиентите
11 Октомври 7
1000 Скопје
Р. Македонија
На тој начин ќе ни помогнете да ги подобриме нивото и квалитетот на понудените услуги и производи, со континуирана цел за што е можно поефективно и поефикасно задоволување на Вашите потреби.
Доколку сакате да испратите прашање, Ваш коментар, да пофалите или да се пожалите на некои од услугите, производите или вработените на Стопанска банка АД - Скопје, кликнете тука: