Стопанска банка АД - Скопје, како членка на меѓународната групација на Националната банка на Грција (НБГ) е насочена кон исполнување на највисоките етички стандарди во своето работење.
Кодексот на етика за вработените на Стопанска банка АД – Скопје е производ на нашата определба кон целосна усогласеност со законската регулатива и кон целосно почитување на етичките принципи при извршување на сите наши активности. Нашиот Кодекс на етика е насочен кон зајакнување на вредностите на доверба, почит, верност, искреност и транспарентност, кои ја сочинуваат основата за добро деловно одлучување.
Во променливото деловно опкружување во кое делуваме, нам ни е од особено значење, вработените, добавувачите, клиентите, акционерите и сите заинтересирани интерни и екстерни страни, да ја разберат нашата определба кон етичко деловно однесување.
Во таа насока, Стопанска банка АД – Скопје како членка на високо реномираната групација на Националната банка на Грција (НБГ), ги следи највисоките стандарди за корпоративно управување и однесување предвидени за компаниите кои котираат на меѓународната берза во Њу Јорк (законот на С.А.Д. Sarbanes – Oxley, Секција 404).
Нашиот процес за поднесување на приговори или дојави во врска со сомнителни сметководствени практики, интерни сметководствени контроли или ревизорски прашања е во целосна согласност со одредбите на Sarbanes – Oxley актот.
Процедури за поднесување на приговори или дојави
Нашите Процедури за поднесување на приговори или дојави ги воспоставуваат правилата за прием, чување, истражување и третман на пријави примени во Стопанска Банка АД - Скопје, во врска со сметководствени, внатрешни сметководствени контроли, или ревизорски прашања, како и нивно доверливо и/или анонимно доставување, од страна на вработените, клиентите, добавувачите, акционерите и останатите заинтересирани страни кои стапуваат во деловни односи со Стопанска Банка АД - Скопје.
Доколку сакате да испратите приговор или дојава во врска со финансиските извештаи, сметководствените постапки, интерните сметководствени контроли или останати ревизорски прашања, кликнете тука:
» Читај повеќе