
Банкарска дознака
Уплата на депозитна сметка може да се врши по налог на банка од друга земја со која СБ има контокорентни односи. При тоа уплатата може да се изврши преку SWIFT, во кој се содржани податоци за корисникот на средствата.
Доколку во дознаката се содржани податоците: име, презиме и број на сметката на корисникот, средствата веднаш се уплатуваат на девизна депозитна сметка . Ако, пак, се наведени само име, презиме и адреса на корисникот, а не е наведена сметка на корисникот во СБ, од СБ се испраќа известување до корисникот за пристигнатата дознака и откако корисникот ќе и ги даде потребните инструкации на СБ, средствата се пренесуваат на девизна депозитна сметка на корисникот.
Трошоците за банкарската дознака може да ги плати испраќачот, или корисникот на средствата, во зависност од инструкциите во SWIFT-от. Ако е наведено дека трошоците ги плаќа корисникот на дознаката, СБ наплатува провизија согласно тарифата на СБ за надоместоци.
Во случај кога правно лице од странство испраќа дознака за физичко лице, од СБ се доставува до корисникот писмено известување за да дојде во филијалата на СБ и да ги даде сите потребни податоци за распоред на средствата. Притоа, физичкото лице поднесува изјава во СБ за основот на приливот ( пример: трошоци за школување, хонорари, услуги, награди, наследство, добивка продажба на недвижен имот во странство и други намени). По добивањето на потпишана изјава од корисникот, во СБ се пренесуваат средствата на девизна депозитна сметка.
