КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 


 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

КАРАКТЕРИСТИКИ НА АВТОМОБИЛСКИ КРЕДИТИ


ОПШТИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА АВТОМОБИЛСКИ КРЕДИТИ

Намена на кредитот

  • За купување на автомобили и џипови

Износ

До 30.000 € (во денарска противвредност)

Валута

  • Денарски кредит
  • Денарски кредит со девизна калаузула

Каматни стапки

(Годишни)

Клиенти со плата во СБ

Останати клиенти

  • 7,62% ЕУР  
  • 10,80% МКД
  •  8,47%  ЕУР
  • 12,00%  МКД  

СБ согласно важечката регулатива, редовно ја објавува годишната стапка на вкупни трошоци (СВТ) на својата веб страна, на огласните табли на шалтерите на Банката и преку јавните медимуи

Рок  на отплата

  • Од 1 до 7 години

Отплата

  • Еднакви месечни ануитети

 

За сите иматели на трансакциска сметка во СБ, можна е отплата:

        -Со траен налог,

        -Преку е-банкинг сервисот на СБ

        -Преку телефонското банкарство на СБ или

        -Преку банкоматите на СБ

Без трошоци за предвремена отплата

Трошоци

  • Административни трошоци 1% еднократно од износот на одобрениот кредит
  • Нотарски трошок за воспоставување на залог на возилото и упис на залогот во Центарален Регистер
  • Трошоци за КАСКО осигурување на возилото за целиот период на отплата на кредитот

Обезбедување

  1. Врз сопственоста на возилото се воспоставува заложно право во корист на Банката, се до целосна отплата на кредитот од страна на кредитокорисникот  
  2. Полиса за КАСКО осигурување на возилото, винкулирана во полза на Банката

Критериуми за кредит

  • Физички лица, државјани на Р. Македонија
  • Задолжително учество од кредитокорисникот при купување на возилото од:
 - мин. 20% од вредноста на возилото во износ до 16000 ЕУР
 - мин. 25% од вредноста на возилото во износ над 16000 ЕУР
  • Минимални месечни примања од 9.100МКД за сите учесници во кредитот поединечно.
  • Месечен ануитет во однос на месечни примања: 
ЕУР кредити

      максимум 45% (клиенти со плата во СБ)

      максимум 40% (останати клиенти)

МКД кредити

      максимум 55% (клиенти со плата во СБ)

      максимум 40% (останати клиенти)

 

Доколку ко-кредитобарателите не се лица кои се членови од потесното семејство (сопруг/а, родител, дете) само 50% од нивните примања влегуваат во пресметката на расположливи месечни примања.

Возраста на кредитокорисникот и ко-кредитобарателите треба да биде минимум 20 години на денот на аплицирање и 67 години на денот на доспевање на кредитот

Потребни документи

  *1. Барање за автомобилски кредит

  *2. Фотокопија од лична карта или од пасош

 *3. За клиенти кои земаат плата во СБ, потребно е само извод од трансакциска сметка за последните 3 месеци

        За сите останати - Чек од пензија / Потврда за редовно вработување, заверена и потпишана од овластените лица кај работодавецот (не постара од 30 дена), а за лица вработени во приватна фирма и образец ПП53 (Декларација за прием од УЈП) за последните 3 месеци

  4. Про-фактура од Авто Дилерот за продажба на возилото

 5. За основниот кредитобарател во зависност од брачниот статус, клиентот треба да достави:

- За лица кои не се во брак, копија од извод од матична книга на родени (не постар од 6     месеци) или заверка со печат од МВР дека нема промени на постојниот извод

- За лица кои се во брак, копија од извод од матична книга на венчани (без оганичување за староста на изводот)

  6. За ко-кредитобарател кој е член на потесното семејство потребен е валиден извод од матична книга на венчани или родени.
 *7. Согласност за доставување извештај од Македонско кредитно биро АД - Скопје

 

 

* Се однесува на кредитобарател и ко-кредитобаратели


..................................................................................................................................................................

» Апликација

Печати