КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

 


 

адреса:
11 Октомври 7, 1000 Скопје, Република Македонија

факс:
+ 389
(02) 3114 503 

e-mail:
kontaktcentar@stb.com.mk

 

Автомобилски бизнис кредит со учество на 3 рати БЕЗ КАМАТА

Ексклузивно со Автонова и Аутомобиле СК

 

КАРАКТЕРИСТИКИ НА АВТОМОБИЛСКИ БИЗНИС КРЕДИТ СО УЧЕСТВО НА 3 РАТИ БЕЗ КАМАТА

Компаративни предности

•  Автомобилски бизнис кредит БЕЗ УЧЕСТВО,

•  0% камата за износот на УЧЕСТВОТО,

•  Клиентот плаќа камата само на износот на одобрен кредит намален за износот на УЧЕСТВОТО,

•  Можност за кредитирање на ДДВ до една година само за оние клиенти кои имаат право на повраток на ДДВ,

•  Плаќање на рати, кумулативно износот на камата е пониска во однос плаќање на кредит во ануитети,

• Ниска просечна рата

•  Ниска каматна стапка

Намена на кредитот

Купување на нови автомобили/ комерцијални возила од автодилерите Автонова или Аутомобиле СК

Износ Неограничен
Валута •  МКД
•  ЕУР
Период на отплата

До 84 месеци

До 12 месеци за ДДВ (за правни лица кои имаат право на поврат на ДДВ)

Обезбедување

Залог на возило осигурано со КАСКО осигурителна полиса во полза на СБ

Меница во вредност од 500 денари

Исплата На жиро сметка на Автонова или Аутомобиле СК
Отплата
  • Еднакви месечни рати
  • Учеството може да биде платено во првите 3 рати при што нема да се пресметува камата
  • Сукцесивно до максимум 12 месеци (за ДДВ)
Износ на учество (на 3 рати без камата)
  • Мин. 10% за комерцијално возило, со вредност помала или  еднаква  на ЕУР 16.000
  • Мин. 20% за комерцијално возило, со вредност поголема од  ЕУР 16.000
Каматни стапки 
годишни / учество
ЕУР
7,50% годишно

МКД 10,50% годишно


Трошоци

•  1.000 МКД провизија за аплицирање
•  2% од одобрениот износ на кредит, еднократна провизија за управување

Провизија за предвремена отплата 2% од предвремено отплатениот износ
Критериуми за кредит

•  Правни лица регистрирани за работа во Р. Македонија
•  Профитабилна компанија
•  Проценка на кредитната способност врз основа на кредитна анализа направена од страна на кредитен референт на Банката

Потребни документи за аплицирање

•  Барање потпишано од управителот на компанијата
•  Тековна состојба од Централен регистар (ЦР) не постара од 6 месеци
•  ЗП образец од ЦР, заверен на нотар
•  Официјални финансиски извештаи за последните 3 години (ако компанијата е активна 2 години,    

тогаш потребни се само финансиските извештаи од последните 2 години),
•  Периодични финансиски извештаи
•  (Про-)фактура за возилото што се купува со назнака од автодилерот за програмата за учество на три рати без камата

 

 

Потребни документи по одобрување на кредитот
  • Тековна состојба од Централен регистар (ЦР) не постара од 14 дена
  • Осигурување во корист на Банката
  • Оригинал потврда дека фирмата не е во стечај од ЦР
  • Оригинал потврда дека над фирмата не се води ликвидациона постапка, од ЦР
  • Изјава за поврзаност (образецот го дава Банката)
  • Изјава и/или Одлука за задолжување со автомобилски кредит, за засновање на заложно право, издавање на меници и овластување на лице за потпишување на договор, меници и нотарски акти
  • Меница со менична изјава потпишана од страна на управителот (Кредитниот одбор го задржува правото
    да побара гарантирани меници)
Печати