Автомобилски кредити

КАРАКТЕРИСТИКИ НА АВТОМОБИЛСКИ КРЕДИТИ

Намена на кредитот

За купување на автомобили и џипови

Износ До 30.000 € (во денарска противвредност)
Валута

•  Денарски кредит
•  Денарски кредит со девизна калаузула

Каматни стапки
Годишни
Клиенти со плата во СБ Останати клиенти
• 7,62% ЕУР – мин.25% учество
• 11,48% МКД – мин. 25% учество
• 8,47% ЕУР - мин.25% учество
• 12,75% МКД - мин. 25% учество

СБ согласно важечката регулатива редовно ја објавува годишната стапка на вкупни трошоци (СВТ) на својата веб страна, на огласните табли на шалтерите и преку јавните медиуми

Рок  на отплата

•  Од 1 до 7 години за нови возила

Отплата

•  Еднакви месечни ануитети

За сите иматели на тековна трансакциска сметка во Стопанска банка можна е отплата:

•  со траен налог или
•  преку е-банкинг системот на Стопанска банка

Целосна или делумна предвремена отплата е дозволена со провизија од 2,5% од предвремено отплатениот износ на кој не се плаќа камата
Трошоци

•  Административни трошоци 1% од износот на одобрениот кредит
•  Нотарски трошок за воспоставување на залог на возилото и упис на залогот во Центарален Регистер
•  Трошоци за КАСКО осигурување на возилото за целиот период на отплата на кредитот

Обезбедување

•  Задолжително учество од кредитокорисникот при купување на возилото од мин 25 %
•  Врз сопственоста на возилото се воспоставува заложно право во корист на Банката, се до целосна отплата на кредитот од страна на кредитокорисникот
•  Полиса за КАСКО осигурување на возилото, винкулирана во полза на Банката

Критериуми за кредит

•  Физички лица, државјани на Р. Македонија
•  Минималниот износ на нето годишни примања на кредитобарателот и ко-кредитобарателите не треба да биде помал од 2.500ЕУР / 12.700МКД месечно
•  Односот помеѓу месечниот ануитет и расположливите месечни примања на кредитобартелите треба да изнесува максимум:

ЕУР кредити
- 45 % (за учество поголемо или еднакво на 30%)
- 35 % (за учество помало од 30%)

МКД кредити
-
35 %

Доколку ко-кредитобаратели се лица кои не се членови од потесното семејство само 50% од нивните примања ќе влезат во пресметката на расположливите месечни примања при одобрување на кредитниот лимит.

Возраста на кредитокорисникот и ко-кредитобарателите треба да биде минимум 20 години на денот на аплицирање и 67 години на денот на доспевање на кредитот

Потребни документи

•  Барање за автомобилски кредит
•  Фотокопија од лична карта или од пасош (за кредитобарателот и ко-кредитобарателите)
•  Потврда за редовно вработување, заверена и потпишана од овластени лица кај работодавецот (не постара од 30 дена), а за лица вработени во приватна фирма и образец ПП53 (Декларација за прием од УЈП) за последните 2 месеци (за кредитобарателот и ко-кредитобарателите)
•  Про-фактура од Авто Дилерот за продажба на возилото
•  За основниот кредитобарател во зависност од брачниот статус, клиентот треба да достави:
-   За лица кои не се во брак - копија од извод од матична книга на родени (не постар од 6 месеци) или заверка со печат од МВР дека нема промени на постојниот извод
-   За лица кои се во брак - копија од извод од матична книга на венчани (без оганичување за староста на изводот)
•  За ко-кредитобарател кој е член на потесното семејство потребен е валиден извод од матична книга на венчани или родени.

» Калкулатор
» Апликација
» Потврда за редовен работен однос и износ на нето плата

 Отпечати
Затвори го прозорецот